Подгответе природен енергетски напиток - лесно, едноставно и ефикасно

Модерното време бара од нас постојано да сме на нозе. Постојано да сме активни, да стануваме рано наутро, а да легнуваме касно навечер. Често се чувствуваме исцрпени, а понекогаш ни доаѓа едноставно да се откажеме од се. Индустриски произведените енергетици се решение, но тие содржат состојки кои можат многу да му наштетат на организмот. Тогаш зошто да не приготвиме природен енергетик? Како? Едноставно и лесно, прочитајте во продолжение...

Спој на трите најмоќни намирници

Лимон, вода и мед, се намирници кои се темел на здравата исхрана, со нивен правилен спој ќе добиеме напиток кој ќе не крене на нозе, ќе ни даде енергија, ќе не опушти и ќе ни го подобри расположението. Овие три намирници ни се секогаш при рака, само треба да ги употребиме.

Потребни состојки

  • 200 грама вода

  • 2 големи лажици природен ливадски домашен мед

  • 1 мала чаша свежо исцеден лимон


Најдобро е водата да биде млака или малку топла, за да може да се раствори медот. Се припрема за една минута, измешајте водата, сокот и медот, добро изматете за медот да се соедини и пијте.

Верувајте, напитокот за кој денес ви зборуваме ќе има ист или поголем ефект врз вашето тело отколку повеќето индустриско произведени наминици. Единствена разлика е што енергетските напитоци можат да ви наштетат, а овој напиток може да го консумирате во скоро неограничени количини без да се грижите за вашето здравје.

www.doktori.mk, 17.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана