Доктори.мк | Заразни заболувања во претшколска возраст - петта болест, мали сипаници и шуга | zarazni-zaboluvanja-vo-pretskolska-vozrast | Портал за медицина и здравје

Заразни заболувања во претшколска возраст - петта болест, мали сипаници и шуга

магистер по фармација

Заедно со м-р Елизабета Панчевска го заокружуваме серијалот на статии посветен на најчестите заразни болести кај децата во претшколска возраст.

Заразните болести се вид на заболувања кај луѓето и животните предизвикани од микроорганизми (бактерии, паразити, вируси). Инфекцијата сама по себе не е болест, затоа што таа само понекогаш може да доведе до заболување. Заразните болести имаат широк спектар на симптоми и клинички слики во тек на развојот на болеста. Симптомите може да се јават во рок од неколку дена, недела па дури и по една година од заразата. Зависно од личниот имунитет и врстата на инфекција, инфективните болести може да предизвикаат незначајни симптоми и да поминат без посебно лечење. Некои инфекции брзо предизвикуваат драматични здравствени проблеми.

Заразни болести кај децата

Децата имаат имунолошки систем кој е во созревање и нивната честа близина дава допринос за особено лесно објаснување на појавата на заразни болести кај децата. Заразните болести често се предизвикани од ширењето на бактерии (како на пример кај шарлах) или вируси (како на пример кај овчи сипаници, мали сипаници, шап и лигавка, и неколку други) во капки од плунката и секретот, особено при кашлање или кивање. Заразните болести, исто така, може да се случат при близок личен контакт со друго заразено лице или дури и со споделување лични предмети на заразено лице, како и во случајот со инфекции предизвикани од инсектите (како на пример со вошки и шуга) или габични инфекции.

Петта болест (Еrythema infectiosum)

Честа болест кај малите деца поради инфекција со парвовирус Б19. Петтата болеста се пренесува преку контакт со други луѓе кои се инфицирани, посебно од изложеност на секрет од носот (респираторните секрети). Болеста трае околу 5 дена, но осипот може да се врати за неколку недели, особено со вежбање, топлина, треска, или стрес. Доколку една бремена жена се инфицира, инфекцијата може да биде штетна за нероденото бебе. Оваа болест, исто така може да предизвика артритис, иако ова почесто се јавува кај возрасни кои се заразени.

Мали сипаници (morbili)

Многу заразна инфекција на респираторниот систем, која е предизвикана од вирус. Периодот на инкубација е околу 10 дена. Заразеното дете потоа има 3 или 4 дена симптоми, проследени со осип. Детето потоа има доживотна резистенција (отпорност) кон повторно инфицирање. Компликации од мали сипаници почесто се јавуваат кај децата на возраст помали од 5 и возрасни постари од 20 години. Сериозни компликации на малите сипаници вклучуваат слепило, воспаление на мозокот предизвикани од инфекција (енцефалит), тешка дијареја што потенцијално може да доведе до дехидратација, инфекции на увото, и тешки респираторни инфекции. Најчестата причина за смрт поврзана со мали сипаници е од пневмонија.

Шуга – краста

Состојба на кожата предизвикана од мал паразит Sarcoptes scabiei кој може да живее и да се размножува на кожата. Шугата се пренесува меѓу луѓето преку контакт со кожа. Претставува екстремно заразна болест и се шири брзо во услови како што се во болниците, старечки домови, детски установи, и други ситуации каде што луѓето поминуваат подолго време во близок контакт едни со други.

За крај на овој особено важен серијал на статии:
Контрола на заразните болести

За среќа, многу детски болести, резултирале понатаму со доживотен имунитет на инфицираните деца. Сепак, ова не е секогаш случај. Вакцините, исто така, обезбедуваат имунитет на некои од наведените болести. Сипаниците, на пример, се многу помалку распространети сега отколку што биле пред 15 години. Но и за жал, многу од овие болести се заразни пред повеќето инфицирани деца да имаат било какви симптоми од болеста, со што уште повеќе допринесува најверојатно за побрзо пренесување на своите врсници. Промени на кожата најчесто се гледаат за време на некоја фаза од некоја од овие болести.

Третманот на поединечни случаи на заразни болести во голема мерка бил неуспешен до откритието и развојот на антибиотиците и другите модерни антибактериски лекови, се до средината на дваесеттиот век. Третманот на поединечни случаи, сепак, останал слаба замена за јавните здравствени мерки насочени кон спречување на заразните болести кои го напаѓаат населението. Ефикасна контрола бара разбирање на епидемиолошки карактеристики на заразни болести, кои за возврат бара разбирање на нивната екологија. ВАКЦИНАЦИЈА и програми за имунизација успешно контролираат многу заразни болести, вклучувајќи ги и големи сипаници, мали сипаници, голема кашлица, вакцина против дифтерија, тетанус, но понекогаш контролата на заразни болести се случила и како спореден производ на општествените промени, и епидемиолошки увиди и превентивни мерки кои биле воведени подоцна, по големите епидемии. 

 

Дознајте повеќе за м-р Елизабета Панчевска

Кон рубриката "Најчестите заразни заболувања кај деца во претшколска возраст" >>>

 

 

 

 

www.doktori.mk, 16.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина