Детали кои ќе ве направат неодолива

Според истражувањата, мажите можат да се заљубат во една девојка и тоа поради не така очигледни причини. Секако дека се важни повеќе критериуми, но понекогаш еден критериум е доволен за да добиеме незаборавен впечаток. Погледнете кои се најчестите не така очигледни причини поради кои еден маж може да "отиде на седмо небо"

Мирис

Мирисот на телото е голем афродизјак. Според научниците телото на човекот произведува миризба која може навистина да предизвика позитивни промени кај партнерот или партнерката. Но, освен тоа убавиот парфем е исто така голема причина да оставите силен впечаток и да привлечете големо внимание на себе, но и без зборови да му кажете многу за себе.

Заби

Забите се меѓу најзабележуваните детали од страна на еден маж. Според истражувањата многу често пресуден детаљ дали ќе му се допаднете на еден маж или не се забите. Забите докажуваат дека жената е одговорна, се храни здраво и одржува високи хигиенски навики, а секако тука е и насмевката, неможе да има убава насмевка ако нема убави заби. Насмевката и убавите заби се причина број еден да оставите печат на неговото срце.

Коса

Косата исто како и забите е детаљ кој се забележува уште на првиот поглед. Сјајната коса, со убав волумен и луксузен изглед ве прави неодолива. Доколку имате убаво одржувана и негувана коса со сигурност ќе намамите многу погледи, а заедно со убавата насмевка, мажите едноставно нема да можат да одолеат.

Став

Да, можеби потсвесно, но жените секако го знаат ова. Високите потпетици го поткреваат задникот и ги истакнуваат нозете, така што вие изгледате многу привлечно. Исправениот и самодоверлив став е една од главните причини на кои мажите лесно "паѓаат".

Поглед

Погледот е најмоќното оружје кое што една жена го поседува. Нагласете ги цртите на очите со шминка, но никако не претерувајте, нека сепак се тоа изгледа природно. Гледајте го неколку секунди во очи без да трепнете, тоа некако нема да го остави рамнодушен.

 

 

 

www.doktori.mk, 15.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил