Диња - Свежина и здравје во летните денови

Некои луѓе не го сакаат вкусот на дињата, некои пак едноставно го обожуваат, како и да е мораме да се сложиме во едно, дињата е совршена храна која нуди свежина и здравје за летните денови.

Дињата содржи голема количина на вода и минерали, ова е идеално за топлите летни денови, кога организмот е подложен на постојана дехидрација. За дињата и лубеницата се смета дека потекнува од Индија или Америка, а е ставена  во групата на овошја. Дињата се употребува во исхраната во скоро сите земји во светот. Ја има во разни сорти ширум светот, а на пазарот можеме да ја најдеме во периодот мај-септември, што значи дека сезоната на дињата е ваќе започната.

Лековити состојки

Дињата е растение кое спаѓа во групата ниско калорични намирници, како што веќе кажавме содржи многу вода и минерали, но содржи и многу други состојки што ја ставаат дињата во категоријата овошја со голема лековите моќ. Еве кои се најважните состојки кои ги содржи дињата:

  • бета каротен, растителни влакна, растителни масти
  • Витамин, А, Б, Е, Ц, железо
  • етерични масла
  • калциум, калиум, магнезиум, натриум, манган, селен, цинк
  • органски киселини
  • пантотенска киселина
  • сулфур, фосфор и др.

Во исхраната се користи плодот од дињата, но од дињата може да се направи и сок, кој е навистина здрав и делотворен особено во летните денови.

Лековити својства

Како што веќе споменавме, дињата е навистина лековито растение, а еве кои се нејзините лековити својства:

  • Акни, алергии, анемии
  • Главоболка, дијабетес, импотенсија
  • Проблеми со: крвен притисок, метаболизам, црева, простата
  • Хемороиди, стрес, скорбут, синузитис
  • Проблеми со тироидната желзда и др.

Дињата е плод кој навистина ви е потребен во летните денови. Таа навистина може да ве освежи, а воедно и на вашиот организам да му даде се што му е потребно за целиот ден. Консумирајте диња секогаш кога можете, бидејќи навистина таа има многу што да ви понуди.

2013-05-15

 

 

www.doktori.mk, 10.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана