Салата со рукола, аспарагус и авокадо

кулинарски мајстор

Пролетта е идеална за салати и тоа зелени и многу здрави. Руколата е полна со омега 3 масни киселини, авокадото со многу железо, калиум и фолна киселина, а аспарагусот е главен извор на јагленохидрати во целата оваа салата. Зелена, здрава и многу вкусна, нека биде оваа салата оваа пролет на вашето мени.

Потребно е:

  • 1 врзоп аспарагус

  • маслиново масло

  • сол и бибер

  • 60 грама пињоли, тостирани

  • 3 лажици цеден сок од портокал

  • 1 + 1/2 лажица ситно сечкан босилек

  • 1 лажица мед

  • 1 авокадо

  • 400 грама рукола

Подготовка:

Рерната убаво загрејте ја на 250 целзиусови степени.

Аспарагусот измијте го и убаво исушете го. Исечете ги тврдите делови на краевите, намачкајте ги со маслиново масло и зачинете ги со сол и бибер. Наредете ги во тавче за печење обложено со алуминиумска фолија и наредете ги. Ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 15 минути, додека горниот дел не биде мек.

За тоа време, во тавче без масло, тостирајте ги пињолите, додека да добијат убава златна боја.

Печениот аспарагус исечете го на помали парчиња и ставете го во длабока чинија, заедно со руколата и пињолите.

Во мал сад ставете 3 лажици маслиново масло, 1 лажица лимонов сок, 3 лажици сок од портокал, мед, ситно сечканиот босилек и зачинете со сол и бибер по вкус. Со овој дресинг прелијте ја салатата.

На крај, исечете го авокадото на помали парчиња и ставете ги во садот. Сето убаво измешајте го и сервирајте.

Дознајте повеќе за Теодора Трповска, кулинарски мајстор


 

www.doktori.mk, 12.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана