Неколку митови поврзани со мамурлакот

Мамурлак, тоа е онаа позната состојба која не чека секое утро кое доаѓа по вечер исполнета со алкохол. Најчесто неделата е ден кој е синоним за мамурлак кај многу луѓе. 

Мамурлукот не е само "безопасна" состојба, тој се јавува како резултат на бројни интеракции на алкохолот со хемиските супстанци во мозокот и во останатите органи. Денес ви претставуваме неколку митови поврзани со мамурлакот. 

За да се развие мамурлак морате да испиете многу

Не, ова апсолутно не е точно. Мамурлак може да се јави и како последица на испиени само две чаши ракија или вино. Наш совет за да превенирате мамурлак е заедно со секој жесток пијалок да конзумирате и чаша вода. Таа ќе му помогне на телото да не дојде до критичен степен на дехидрација, со што симптомите од мамурлакот ќе бидат намалени.

Аналгетик пред спиење е добар избор

Не, нема да ви помогне многу, бидејќи врвот на дејството на аналгетиците е неколку часа по внесувањето, кога ќе се разбудите аналгетикот веќе нема да делува, а вие повторно ќе ја чувствувате главоболката. Затоа земајте аналгетик од кога ќе се јават симптомите. Важно е да нагласиме: никогаш не земајте парацетамол заедно со алкохол, по пиење или за време на мамурлак, бидејќи можете да го оштетите црниот дроб и бубрезите.

Мамурлак се лечи со алкохол

Не, ова освен што е погрешно е и многу штетно. Алкохолот за време на мамурлак ќе ви ги усложни симптомите и никако нема да ви помогне. Затоа не земајте никако алкохол додека сте под влијание на симптомите на мамурлакот.

Најадете се пред да си легнете

Ова никако нема да ви помогне. Полниот желудник во пијана состојба ќе резултира со повраќање во текот на целиот утрешен ден. Јадете пред да пиете, така ќе го превенирате мамурлакот, но не јадете по пиењето бидејќи само ќе го потенцирате мамурлакот.

Последици има кога се претерува со пиењето, но последици има и кога се претерува со било која друга храна. Алкохолните пијалоци не се штетни, доколку се консумираат паметно. Една до две чаши алкохол во денот можат да бидат од голема корист на организмот, но се што е над таа количина прави само штети.

Прочитајте повеќе --------------> Водич низ мамурлакот

 

www.doktori.mk, 12.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил