Доктори.мк | Тиква - неправедно запоставена во исхраната | nepravedno-zapostavena-vo-ishranata | Портал за медицина и здравје

Тиква - неправедно запоставена во исхраната

Тиквата е растение кое е неправедно запоставено во исхраната. На нашите простори може често да се сретне на пазарите и во градините, но скоро никогаш на трпезите. Тиквата се смета за растение кое не треба да биде консумирано од луѓето, туку само од животните. Но, тоа е огромна грешка, тиквата според своите придобивки е речиси на врвот на здрави намирници. Прочитајте го краткиот текст што следува и дознајте зошто тиквата е неправедно потценета во исхраната ...

Тиквата е растение кое припаѓа во групата на скриено семени растенија, расте, се развива и се суши во текот на една година. Како изгледа растението веруваме дека сите знаете, како и фактот дека има многу различни сорти на тиква. Но, сигурни сме дека малку знаете за тиквата како лек и растение кое е особено важно за организмот.

Интересен податок е дека тиквата ретко заболува од штетници и затоа ретко се употребуваат хемиски препарати за нејзина заштита. Исто така интересно е да се напомене и дека тиквата ја црпи скоро целата храна од земјата и заедно со неа ретко можат да успеат други растенија.

Краток нутритивен преглед ...

Тиквата е намирница која е особено богата со состојки кои се потребни и важни за организмот, а еве кои се тие:

  • Витамини А, Б, Ц, Е
  • Калциум, калиум, магнезиум, лутеин, манган
  • Незаситени масни киселини
  • Пектин
  • Фосфор, цинк, фитостерон
  • Салицилна киселина
  • Каротени 
  • Растителни влакна

Освен наброените, тиквата содржи и многу други корисни состојки кои се среќаваат во сите плодови.

Лековити својства на тиквата ...

Според експертите тиквата има многу лековити својства, а еве ги најзначајните:

  • лекување на акни, алергии и анемии,
  • лекување на брадавици, болести на срце и гихт,
  • лекување на импотенција, макуларна дегенерација, дијареја, мигрена,
  • лекување на бубрежни заболувања, херпеси, регулација на крвен притисок,
  • тиквата е природен диуретик и чувар на кардио васкуларниот систем,
  • делотворна е против псоријаза, реума и други воспалителни процеси.

Тиквата е делотворна против многу состојби во организамот, таа е вистински дар на природата. Не знаеме зошто луѓето ретко ја употребуваат во исхраната, но веруваме дека овој краток текст ќе ве поттикне, да почнете редовно да ја употребувате, бидејќи таа има да ви понуди многу повеќе од другите слични плодови.

повеќе за тикватa  >>>

www.doktori.mk, 11.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана