Доктори.мк | Неколку навики кои можат да ја уништат вашата убавина | nekolku-naviki-koi-mozat-da-ja-unistat-vasata-ubavina | Портал за медицина и здравје

Неколку навики кои можат да ја уништат вашата убавина

Некогаш трудејќи се да изгледаме убаво правиме многу работи кои сметаме дека се правилни, но за возврат добиваме само поголема штета. Денес ви презентираме неколку штетни навики, кои доколку редовно ги практикувате, навистина можат го уништат вашиот убав изглед .....

Стискање на акните

Оваа навика е пример за штетните навики. Стискањето на акните, особено на оние поголемите ќе остави мали лузнички на вашето лице што на долгорочен план можат навистина да го уништат. Згора на тоа, со стискањето се пренесуваат бактериите, можете да имате повеќе акни, а можете и во кожата да внесете некоја опасна патогена бактерија, па да направите голем проблем. Проблемот решавајте го со козметички средства и лекраска консултација.

Пеглање на мокра коса

Колку и да се брзате немојте да ја пеглате вашата коса кога е мокра. Вашата фризура можеби ќе ја средите моментно, но вашата коса ќе претрпи големи оштетувања доколку редовно ја практикувате оваа навика. После одреден период вашата коса може да изгледа безживотно како сноп сено. Затоа не правете го ова, па колку и да се брзате.

Бричење на влакненцата на лицето 

Секоја жена има по некое влакненце на лицето кое што и смета. Немојте никако да ги отстранувате со бричење. Моментно ќе го добиете посакуваниот ефект, но за кратко многу ќе зажалите, ќе израснат повеќе, поцврсти и поголеми влакна. Проблемот решавајте го со вадење на влакната од корен.

Често поправање на шминката

Шминка на шминка по кој знае кој пат во вечерта, пудра на пудра на нашминканото лице е најглупавата постапка. Сигурно нема да изгледате поубаво, само ќе ги запишите порите на лицето. Измијте и козметички исчистете го лицето, потоа нашминкајте го и средете го онака како што сакате, во текот на вечерта правете само мали и ситни корекции, се што повторувате повеќе прави само штета на вашиот изглед.

www.doktori.mk, 09.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил