Како да ја сопрете дијареjата? - Корисни совети и решениjа

Причините за дијареjа, народски позната како пролив, се различни. Дијареjа најчесто се јавува како последица на грешки во исхраната или претерено косумирање на некоја храна (особено овошје), може да се јави после ноќ со премногу алкохол, или пак како последица на вирус, бактерија или други дигестивни нарушувања....

Што смеам, а што не смеам да јадам?

Генерално гледано за брзо да ја сопрете дијареjата треба да јадете диетална и блага храна. Значи вашите оброци би требало да се состојат најмногу од: варен компир, варен морков, двопек, тост, малку супа, банана и сл. Не смеете да јадете печена храна, или пак каква било друга тешка храна. Храната која е проблематична за варење може да направи уште поголеми и потешки компликации.

Важно во врска со внесувањето течности ...

Голема грешка прават лекарите кога ги советуваат пациентите да пијат многу течности, без притоа да им објаснат какви течности и на каков начин да ги консумираат. Треба да пиете многу течности тоа е факт, но никако наеднаш и на краток период. Течности треба да земате помалку и почесто. На пример треба да пиете по една чаша вода или чај, на секои 2-3 часа, немојте голема количина наеднаш, бидејќи само ќе го усложните проблемот. Немојте да пиете млеко, алкохол или сок. Сокот е лош избор кога имате пролив, луѓето често тука грешат. Пијте вода, тоа е најдобро или чај од камилица и нане. Чајот од камилица и нане има навистина добар ефект. Исто луѓето често прават греши и консумираат газирана вода, некои се убедени дека таа полесно ги надополнува изгубените течности и електролити, но тоа ниту од далеку не е точно.

Рендано јаболко како решение ...

Ренданото јаболко е познато решение против дијареjа. И него, како и течностите, треба да го консумирате помалку на неколку часа. Најдобро е во смесата од рендано јаболко да додадете и боровница или црна рибизла. Тие се намирници кои ги смируваат цревата и се многу ефикасни, сепак доколку ги немате овие намирници, во ренданото јаболко можете да додадете банана. Бананата е овошје кое исто така има моќ за стабилизација на цревата и враќање на нивната нормална функција.

Според старите народни рецепти, при состојби на дијареjа можете да земете и една мала лажичка кафе или пак неколку зрнца немелено кафе.

Сепак мораме да ве предупредиме! Доколку дијареjата не помине и по третиот ден, неодложно морате да појдете на лекар. Тогаш сигурно не е во прашање грешка во исхраната туку се работи за нешто посериозно кое бара лекарски третман. Aко пак во дијареjата забележите примеси на крв, тогаш веднаш без разлика колку дена трае, треба да го посетите вашиот матичен лекар.

 

 

 

www.doktori.mk, 09.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина