Намирници кои се непријатели на кожата

Многу пати до сега сме зборувале за намирници кои ја прават вашата кожа здрава и витална. Денес ќе споменеме неколку намирници со чие редовно консумирање можете сериозно да и наштетите на кожата. Еве кои се тие ...

Пржена храна

Секоја пржена храна допринесува за оштетување и пропаѓање на кожата. Таа го разложува колагенот, ја прави кожата нестабилна и склона кон брчки.

Алкохол

Алкохолот во големи количини предизвикува дехидрација на кожата и уништување на колагенот. Преголемото консумирање на алкохол ја прави кожата склона кон брчки.

Сол

Солтa има стотици штетни влијанија врз организамот. Едно од нив е и штетното влијание врз кожата. Солтa ја дехидрира кожата, таа ја губи еластичноста, изгледа стара и уморна.

Кофеин

Сите кофеински напитоци имаат сличен  ефект врз кожата како што споенавме кај солот.

Слатки

Слатките се еден од најголемите непријатели на кожата. Шеќерите се врзуваат за колагенот, кожата станува дехидрирана, пропадната изгледа уморно и склона е кон брчки.

 

www.doktori.mk, 08.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана