Палијативна и терминална нега кај заболените од рак на бели дробови

доктор на медицина

Палијативна нега или хоспис се однесува на медицинска или згрижувачка нега со цел да се намалат симптомите и страдањата без обид да се излечи основната болест. Бидејќи само мал број на луѓе со рак на белите дробови се излекуваат, ослободување од страдањето станува примарна цел за многумина.

  • Пациентот, неговото или нејзиното семејство, и лекарот најверојатно ќе го препознае моментот кога пациентот ја достигнал точката кога палијативната нега е потребна.

  •  Секогаш кога е можно, транзицијата кон палијативна нега треба да се планира однапред.

  •  Планирање треба да започне со тринасочен разговор помеѓу пациентот, некој претставник на пациентот (ако тој или таа е премногу болен за да учествува) и давателот на здравствени услуги.

  • Во текот на овие состаноци, можните резултати, медицински прашања и какви било стравови или несигурности може да се дискутираат.

Палијативна нега може да се даде дома, во болница, ако домашна нега не е можна или во хоспис објект. Палијативна нега се состои главно од третмани за ублажување на недостатокот на здив и болка.

  •  Недостаток на воздух ќе биде третиран со кислород и лекарства како што се опиоиди, кои се наркотични дроги како опиум, морфиум, кодеин, метадон и хероин

  • Менаџментот на болката вклучува антиинфламаторни лекови и опијати. Пациентите се охрабруваат да учествуваат во одредувањето на дозите на лекови за болка, бидејќи колку е потребно да се блокира болката ќе се разликува од ден на ден.

  •  Други симптоми, како што се вознемиреност, недостаток на сон и депресија, се третираат со соодветни лекови, а во некои случаи, комплементарни терапии. Никотински гуми за џвакање, никотин спрејови, никотин инхалатори, како и некои лекови на рецепт успешно се користат за да им помогнат на луѓето кои се обидуваат да се откажат од пушењето.


 

  •  Елиминирање или намалување на изложеност на пасивно пушење е исто така ефикасна превентивна мерка.

  •  Користење на домашен радон тест со кој може да се идентификува и да се дозволи корекција на зголемувањето на радон нивоата во домот, кој исто така може да предизвика рак на белите дробови.

  •  Пушачите кои користат комбинација на суплементарен никотин, медицинска терапија, групна терапија и бихејвиорална обука покажуваат значителен пад на стапката на пушење.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 08.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина