Кафе? Да, но внимателно!

Кафето е убедливо најпопуларниот напиток ширум целиот свет. Скоро секој од нас сака да се напие по некоја чаша кафе во денот. За разлика од цигарите кафето нема веднаш да го прогласиме за штетно и да ве советуваме да го оставите, но ќе напоменеме кога кафето делува штетно и колку е дозволената количина дневно.

Најмногу 3 мали чаши  дневно е здравствено дозволената граница на внесување на кафе. До оваа количина се смета дека кафето не е штетно, а е дури и корисно за организамот. Се што ја поминува оваа количина без никакви дилеми се смета за апсолутно штетно. Сепак и со таа количина кафе која е дозволена, мора да се внимава. Еве што имаме ние да кажеме за кафето па вие размислете ...

  • Пиењето кафе наутро на празен желудник е убедливо најопасниот начин на консумирање на кафето. Пиењето на кафе веднаш по будењето на празен желудник е вистинка бомба за вашиот желудник и тотална хаварија за вашето срце. Без било какви дискусии ова е навика од која морате што порано да се ослободите.

  • Луѓето кои имаат било какви срцеви проблеми мораат да ја заменат нивната навика за пиење кафе со чај или млеко. Кафето има многу лошо влијание врз кардио-васкуларниот систем може да ја дестабилизира срцевата работа и да ви направи компликации.

  • Кафето предизвикува лачење на адреналин, ве буди и ви дава енергија, но влијае на крвниот притисок и циркулацијата, па постојаните консумирачи на кафе често патат  од постојана хронична главоболка.

  • Кафето во никој случај не смеат да го консумираат луѓето кои патат од остеопороза, кафето прави големи пореметувања во цревата и не дозволува правилна апсорпција на витамините и минералите

  • Мажите кои имаат проблеми со потенцијата, треба да заборават на кафето

  • Засладеното кафе многу влијае на тесената тежина

  • Кафето никако не смее да биде на вашето мени кога имате проблеми со диареа или зачестено мокрење

  • Кафето влијае на менструалниот циклус, го отежнува и ги зголемува болките

  • Кафето е штетно во бременоста, дозволената количина кафе кај бремените жени треба да се намали за половина

  • Долгото консумирање на кафе ги разградува витамините, предизвикува општа слабост и пад на имунитетот

Па, дали можеби би го замениле кафето за чај или млеко?

Да бидеме јасни, ниту ние, ниту било кои научници не е противници на кафето, доколку се пие по јадење и доколку не ја надминува количината од три дневно. По оваа количина кафето е исклучително штетно за целиот ваш организам.

www.doktori.mk, 08.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана