Доктори.мк | Домашни трикови кои ги смируваат желудочните киселини | domasni-trikovi-protiv-kiselini-vo-zeludnikot | Портал за медицина и здравје

Домашни трикови кои ги смируваат желудочните киселини

Киселини во желудникот, скоро секој го почувствувал ова непријатно чувство, нелагодност и печењето зад градната коска, нешто што на многумина често им се случува. Денес ви претставуваме неколку природни домашни трикови кои можат брзо и лесно да ве ослободат од оваа нелагодност.

Сода бикарбона

Содата е домашен трик број еден против желудочните киселини. Измешајте малку сода со вода, и испијте, овој едноставен рецепт ги неутрализира веднаш желудочните киселини.

Куркума

Куркумата не е само антисептик, таа е одличен потикнувач на варењето на храната, а го намалува и лачењето на киселините во желудникот.

Ладно млеко

Ладното млеко има силен ефект против желудочните киселини. Затоа кога имате проблем со киселините испијте чаша ладно млеко.

Чај од цимет

Овој чај има силно дејство во намалување на желудочните киселини. Користете го чајот од цимет редовно и вашиот проблем за кратко време може да стане минато.

Банана

Едоставен и лесен трик за справување со киселината. Ако имате проблем со киселина од желудникот изедете една банана таа има ефект на ублажување.


 

 

www.doktori.mk, 11.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина