Карфиол - малку калории, многу здравје

Карфиолот е зелјесто растение кое во нашата држава многу често се употребува. Може да се сретне во салати, зимници, разни супи, специјалитети... Дали и колку здрава намирница е карфиолот, прочитајте во текстот што следува ...

Карфиолот пред се е ниско калорична намирница. Затоа за карфиолот можеме да кажеме дека има малку калории, но има многу голема хранлива вредност. Тој е голем извор на витамин Ц, витамини од групата Б, фолна киселина и многу минерали кои го штитат и чуваат нашето здравје. Од карфиолот можат да се користат и белиот и зелениот дел. Како и да е и двата дела треба или веднаш да се консумираат или веднаш да се конзервираат, бидејќи многу малку можат да останат свежи, за кратко време ќе ја изгубат свежината и квалитетот.

Во врска со корисноста на карфиолот некои експерти веруваат дека е многу делотворен против малигните болести, бидејќи карфиолот помага да се изгради и одржи силен имунитет. Освен ова тој е одличен и при анемии, а поради  фолната киселина и поволната нутритивна слика се препорачува да го користат и деца и бремени жени во поголеми количини.

Бидејќи како што споменавме карфиолот има многу малку калории (на 100 грама карфиол околу 25 калории), оваа намирница е идеално решение за сите кои внимаваат на линијата. Од карфиолот се приготвуваат многу вкусни супи, кои можат да бидат главно јадење за луѓето кои внимаваат на килограмите или практикуваат строги диети.

Како и да е, од овој краток текст можевме да научиме дека карфиолот е ниско калорична намирница, која го чува и одржува нашето здравје. Затоа, користете го во секое јадење каде што е можно, а исто така нека биде неизбежен дел и од вашите зимници, бидејќи е лесно достапен и ефтин, а има навистина многу што да ви понуди.

www.doktori.mk, 04.07.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана