Како да ги употребите ротквиците во готвењето?

кулинарски мајстор

Ротквиците ги преплавија пазарите и тезгите со зеленчук, но тоа не е воопшто чудно, ако се знае дека овој пролетен период е нивното најубаво време за зреење. Ротквицата е од фамилијата зелки. Ги има во повеќе бои и форми. Ротквицата може да изрти за само три дена. Ротквиците растат на силно сонце. Нивната сезона почнува од април до јуни, па од октомври до јануари. Битно е да се знае дека летни ротквици варираат во изгледот. А, зимските се карактеристични по белата боја.

Општо познато е дека ротквицата штити од кашлици и воспаление на дишните патишта. Најпозната е по лековитото дејство кое го има во прочистување на мочниот меур. Ако сакате да подготвите ниско калорични и здрави салати, никако не заборавајте на ротквицата. Таа има многу малку калории, богата е со витаминот Ц и калиум. Ако ротквиците ги исчистите од ливчињата, тие ќе ви траат подолго во фрижидер. Ставете ги во ќеса за замрзнување и пикнете ги во фрижидер. Изедете ги ротквиците неколку дена откако ќе ги купите.

Еве неколку начини како да ги употребите:

  1.  Салата со млад грав и ротквици

  2.  Препечено лепче со путер и ротквици

  3.  Компир салата со ротквици

  4.  Закисели ротквици

  5. Печени ротквици

Дознајте повеќе за Теодора Трповска, кулинарски мајстор


 

www.doktori.mk, 06.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана