Вапсување на велигденските јајца - природни решениjа и совети

Денеска е Велика Сабота, односно ден пред еден од најголемите Христијански празници Велигден. Денес секое Христијански семејство традиционално бојадисува јајца во црвена боја како симбол на Христовата крв, но и во други бои како декорација на велигденската трпеза. Ние денеска ќе ви презентираме неколку совети околу велигденските јајца, и начини како тоа да го направите на природен начин...

Свежите јајца тешко се лупат

Ова сигурно веќе го имате забележано, свежите јајца се лупат многу тешко, често тоа е  главната причина за неред на вашата маса и нервозните гости кои мака  мачат да ја тргнат лушпата од јајцето. Доколку сакате да го немате овој проблем, користете јајца кои се стари една недела, нормално чувани соодветно. Иако мораме да повториме дека свежите јајца се по здрави и по корисни за организамот.

Разликата во температурата е најголема причина за пукање на јајцата

Секако дека пред да ги ставите на варење јајцата ги чувате на ладно место. Но, најголемата грешка луѓето ја прават така што јајцата директно од фрижидерот ги ставаат на варење, па температурната разлика прави добар дел од нив да испукаат. Пред да ги варите јајцата оставете ги неколку часа на собна температура.

Висината на водата треба да изнесува околу 2,5 цм

Јајцата секогаш ставајте ги само во еден слој, односно не едни врз други. Прелијте ги со вода која ќе биде околу 2,5 цм, над ѕидот на јајцата.

Бојадисување и украсување на јајцата на природен начин

Досега секогаш сме напоменувале дека најздраво е она што се приготвува на природен начин. Па така денес ова ќе го напоменеме и кога станува збор за бојадисувањето на јајцата. Бојадисувајте ги јајцата користејќи природни, бои, а еве ги најефикасните природни начини за добивање на најпопуларните бои на јајцата:

  • Користете сок од цвекло и брусница за да добиете светло црвена боја

  • Користете раствор од варен спанаќ за да добиете светло зелена боја

  • Користете сок од боровница за да добиете светло сина боја

Без разлика дали јајцата ќе ги бојадисате на природен или вештачки начин, вие сепак можете да одберете природен начин на нивно украсување, т.е. украсување со билки. Ова е можеби најстариот начин на украсување на јајцата, од секогаш бил интересен, а овие украси редовно ќе ги сретнете на трпезите на постарите мајстори.

Овој начин на украсување на јајцата е добро познат на постарите и се изведува со користење на чорапи. Се одбираат оние билки кои на изглед ви делуваат интересни, потоа се допираат до делот на јајцето кое сакате да се украси се ставаат во чорапите, тесно прицврстувајќи ги од двете страни. Ако до сега немате пробано, пробајте денес, ќе видите дека ќе добиете навистина интересно украсени јајца.

Сепак на крајот, како ќе ги бојадисате и како ќе ги украсите велигденските јајца зависи исклучиво од вашата креативност. Доколку за украсување ви недостига креативност, тогаш препуштете им го тоа на помалите, тие секогаш ќе имаат некоја идеа плус и верувајте ќе ве остават воодушевени.

 

www.doktori.mk, 11.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - занимливости