Јајцето неверојатно здраво и корисно за вашето здравје

Денеска е Велики Петок ,само два дена пред најголемиот Христијански празник Велигден. Бојадисувањето на јајцата е традиција која се применува во секоја куќа како симбол на Христовото воскресение. Сите ние на овој ден консумираме јајца во поголема количина, без разлика дали сме љубители на јајцата или пак не, и сите ние се прашуваме дали и колку е здраво консумирањето на јајцата. Ако сте и вие од оние љубопитните прочитајте го текстот што следува ...

Јајцето според нутриционистите е суперхрана, бидејќи е ниско калорично и богато со исклучително многу состојки кои се добри за здравјето. Според научниците најдобро е да се јадат до две јајца во денот, а најздраво е истите да бидат приготвени со варење. Јајцата се доказ дека не се што е вкусно е штетно, и исто така се доказ дека постојат супер намирници, кои се издвојуваат од другите по тоа што се исклучително корисни и здрави.

Јајцето припаѓа во групата на диетални намирници, имаат малку калории што ги прави одлични за вклучување во разни диети. Според научниците јајца треба да консумираат луѓето на сите возрасти, но најмногу треба да ги консумираат најмалите, оние кои се сеуште во фазата на телесен раст и развој. Здравото варено јајце за децата е исто толку важно колку што е важно и млекото нагласуваат експертите.

Само едно јајце содржи 20% од дневно препорачаните потреби на витамин Д. Витаминот Д, е особено важен за имунитетот, односно за борба против сите заболувања вклучувајќи ги и нај опасните. Сепак мораме да нагласиме дека јајцата треба да се внесуваат во умерени количини, бидејќи иако во овие денови вашите трпези ќе бидат полни со варени јајца, преголемото внесување на варени јајца има ефект на зголемување на маснотиите во крвта, па на лицата кои патат од некој тип на хиперлипидемија не се препорачува консумирање на повеќе од едно јајце на ден.

Јајцата според научниците се вистински благодет за мозокот и за коските, тие ја подобруваат менталната активност на мозокот и влијаат за подобрување на концентрацијата. Па поради ова јајцето се препорачува како основна намирница за учениците и студентите. Исто така важно е да се напомене дека телото го искористува 90% калциумот кој ќе се внесе со јајцето, што е многу важно за здравјето на коските, но и на целото тело. Освен калциум во јајцето може да се најде и : железо, цинк, сулфур и др. Јајцето е ваш сојузник за борба против анемија, болести, а има улога и во одржување и нега на вашата кожа.

Па драги наши читатели, од овој краток текст можевте да заклучите дека јајцето е дар за организамот, но немојте да претерувате, секоја намирница е здрава и корисна доколку се консумира паметно.

Тимот на Доктори.мк, Ви посакува среќни и весели велигденски празници!

www.doktori.mk, 10.04.2015

Последна вест

Најчитани статии - исхрана