Фактори кои го зголемуваат ризикот за рак на дојка кај жените

доктор на медицина

За ракот на дојка многу пати до сега исцрпно сме пишувале. Ракот на дојка е најчест тип на карцином кој предизвикува висока смртност кај жените. Денеска ќе се обидеме само да ги сумираме факторите кои го зголемуваат ризикот за рак на дојка кај жените.


Фактори кои го зголемуваат релативниот ризик за повеќе од 4 пати

  •  Возраст (повеќе од 65 години, наспроти помалку од 65 години, иако ризикот се зголемува со сите возрасти се до 80 години)

  •  Атипична хиперплазија потврдена со биопсија

  • Одредени наследни генетски мутации за рак на дојка (BRCA1 и / или BRCA2)

  • Mамографски “густи“ гради

  • Лична историја за рак на дојка 

Фактори кои го зголемуваат релативниот ризик за 2,1 до 4 пати

  • Високи ендогени нивоа на естроген или тестостерон

  •  Висока густина на коските (постменопаузална)

  •  Високи дози на зрачење на градите

  •  Двајца роднини од прв степен со рак на дојка 

Фактори кои го зголемуваат релативниот ризик за 1,1 до 2,1 пати 

  •  Консумирање алкохол

  • Ашкеназиски Евреи

  •  Рана менарха (помалку од 12 години)

  •  Висина (високи жени)

  •  Висок социоекономски статус

  •  Доцна возраст при првата целосна (до крај) бременост (над 30 години)

  •  Доцна менопауза (над 55 години)

  •  Никогаш не доела дете

  •  Нецелосни, до крај бремености

  •  Дебелина (постменопаузална) / добивање телесна тежина како возрасна

  •  Еден роднина од прв степен со рак на дојка

  •  Лични историјата за рак на ендометриум, јајник или дебелото црево

  •  Скорешна и долгорочна употреба на менопаузална хормонска терапија која содржи естроген и прогестин

  •  Скорешна орална контрацепција 

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 03.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина