Кои намирници можат да ја зголемат мускулната маса?

Зголемување на мускулната маса, честа опсесија на младите мажи. Покрај вежбањето, некои од нив сакаат да знаат која храна треба почесто да ја конзумираат за да ја зголемат мускулната маса. Еве намирници кои ја имаат таа моќ ...

Млеко

Прва намирница која е представник на храната за зголемување на мускулите. Морате да го пиете редовно во поголеми количини. Тоа содржи протеини кои несомнено ќе помогнат во зголемување на мускулната маса, секако доколку паралелно вежбате.

Риба - лосос

Се смета дека лососот дава навистина брзи резултати во изградбата на мускулите. Ние знаеме дека конзумирањето риба е здраво за кардио-васкуларниот систем, но таа содржи и многу важни протеини кои ќе во помогнат да ги оформите мускулите. Па така, доколку сте сериозни во зголемуввањето на мускулната маса, тогаш едноставно немојте да го испуштате лососот како храна која ќе ја јадете барем секој втор ден.

Млечните производи

Скоро сите млечни производи имаат моќ да помогнат на вашите амбиции. Затоа редовно конзумирајте ги особено урдата која е исто така докажана во улогата за зголемување на мускулната маса.

Јајца

Се што му треба на мускулот има во јајцето. Дури до 10 грама протеини, и уште многу суплементи, немојте ниту да размислувате дали јајцата да ги вклучите во вашата исхрана, туку не поминувајте ден без тие да бидат дел од некој оброк. Ние ве советуваме да ги конзумирате варени, такви се нај здрави.

Неколку совети плус ...

  • Редовно вежбајте
  • Не конзумирајте синтетички протеини, креатинин или стероиди, тие едноставно се штетни за вашето здравје
  • Редовно пијте вода додека вежбате, тое е здраво вежбање
  • Конзумирајте многу овошје и зеленчук тие индиректно ќе ви помогнат да издржите на тренинзите
  • Вежбајте сами, или со уште еден бидејќи кога сте во поголемо друштво ќе бидете деконцентрирани
  • Не форсирајте, атлетски тип на тело не се добива за неколку месеци, на тоа се работи со години
  • Не претерувајте екстремното билдерство не е привлечно, за многу припаднички на понежниот пол тоа изгледа одбивно
  • Бидете внимателни во теретана, повредите се многу чести, а можат да бидат и сериозни

 

www.doktori.mk, 02.05.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина