Пивото го поттикнува чувството на среќа и задоволство

Повеќето од вас, ќе кажат дека пивото предизвикува среќа и задоволство затоа што е алкохолен пијалок и нормално дека ќе предизвика ваква реакција на мозокот. Но, не е баш така, алкохолот не e причина пивото да ве направи среќни. Прочитајте зошто е тоа така, и добијте уште една причина плус  утре да уживате во пивото ...

Алкохолните пијалоци го потикнуваат ослободувањето на допаминот во мозокот, затоа вие се чувствувате опуштени и задоволни. Сличниот механизам нормално дека важи и за пивото, но пивото според последните истражувања има моќ, да го потикне лачењето на допаминот и чувството на среќа и задоволство уште од самото негово вкусување без алкохолот да влијае на тоа. Научниците велат пивото се однесува како награда за мозокот.

Истражување кое било направено неодамна во Универзитетот во Индиана, а објавено во весникот Neuropsychopharmacology, влкучувало 49 испитаника, кои по земањето на мало количество пиво биле подложни на снимања со кои се утврдувале хемиските промени во мозокот. Важно е да се нагласи дека испитаниците имале различни животни навики, т.е. некои од нив биле редовни конзумирачи на алкохол, додека други скоро воопшто не конзумирале. Научниците за да го спречат делувањето на алкохолот и создавањето на лажно позитивни резултати, само мала количина пиво ставале на јазикот на испитаниците и ја следеле реакцијата на мозокот.

Мозокот веднаш започнал да ослободува големо количество на допамин, уште од самото допирање на пивото до јазикот на испитаниците, што ја исклучува можноста алкохолот да има било какво влијание. За разлика од овие испитаници, контролна група го имала истиот експеримент, само наместо пиво им било нанесувано вода, енергетски пијалок и други типови на алкохол на јазикот. Мозокот во такви случаеви не давал скоро никаков ефект.

Според научниците со оваа постапка може да се утврди кои личности се природно склони кон алкохолизам, бидејќи кај тие личности мозокот претерано многу започнува да лачи допамин и за најмала количина алкохол. Научниците убедуваат дека овој експеримент ќе допринесе до успешно изнаоѓање решенија против алкохолизамот.

А, додека научниците бараат решениа против алкохолизам, вие уживајте во вкусот на доброто ладно пиво и останете среќни, опуштени и весели, и секако не претерувајте.

www.doktori.mk, 30.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана