Месото печено на скара - може ли да биде здраво?

Претпразнично расположение владее кај секој од нас денес. Убавото време дава вистински сјај на празникот, секој има план како ќе го прослави утрешниот ден. Некои ќе одат на планина, други во ресторани или викендички, но несомнено едно е јасно, сите ќе приготвуваат и ќе конзумираат скара. Скарата е модерен начин на практикување на најстариот метод на припрема на храна. Може ли месото печено на скара да биде здраво?

Пред се мораме да напоменеме! Редовното конзумирање на печена скара е познато по својот штетен ефект. Иако сите ние ја конзумираме, неминовно е да напоменеме дека високата темперетура на која се припрема месото иницира создавање на штетни соединенија кои имаат висока канцерогена моќ, па се доста штетни за здравјето. Исто така и чадот кој излегува од скарата, и темперетурата која се произведува од неа, доведува до реакција на креатининот и аминокиселините во месото и рибата, создавајќи хемиски соединенија познати како хетероциклични амини (HCA) што е исто така штетно.

Сепак, денес нашата задача е да го изнајдеме позитивното од приготвувањето на скарата, бидејќи треба да го подржиме, а не да го уништиме пред-празничниот амбиент. Па за разлика од цигарите и некои други намирници, за кои навистина нема што позитивно да се каже, за скарата сепак може да се одбере некој позитивен збор, не толку за здравјето на телото, туку за здравјето на духот. Скарата утре може да влијае позитивно на вас.

Пред се е добро што на скара не се ставаат масла, месото кое не се пржи во масло е многу по здраво за конзумирање. Постојат разни начини за вашата скара да функционира, плин, јаглен, струја и сл. Од овие најштетно е приготвувањето на скара на јаглен. 

Да, во секое друштво има по еден мајстор за скара, кој  целиот ден ќе го потроши занимавајќи се со нејзиното распалување, одржување и печење. Сепак, некој мора да го одмени, бидејќи постојаното седење до чадот е исклучително штетно и опасно. Затоа, при подготовката на скарата секогаш бидете повеќемина. Месото превртувајте го често, така тоа ќе биде повкусно, а штетноста ќе биде мала. Предходно истото можете да го обабрите и да го истенчите, за тоа да помине помалку време на високата темперетура, а со тоа да биде помалку штетно.

Скарата никако неможе да биде штетна ако се конзумира во помали количини и не толку често. Излегувањето во природа, доброто расположение, играњето на топка на зелените ливади, и мирисот на скара, се комбинација која никако неможе да биде штетна. 

Ви посакуваме пријатен и весел Први Мај!

www.doktori.mk, 30.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана