Со здраво тело во новата пролет

Убавото пролетно време зема силен замав, ладното време и зимските облеки веќе станаа минато, време е да се подготвиме за летото. Време е да ја извадиме летната облека, време е да го уредиме и раззелениме дворот, време е да додадете пролет на вашата трпеза ...

Време е за чистење на организамот

Пролетно чистење на организамот, е најважното нешто што морате да го направите. Со применување на советите за пролетно чистење на организамот за кои веќе пишувавме, ќе го ослободите телото од токсините кои се акумулирале во текот на зимата, ќе го рестартирате метаболизамот и ќе му овозожите услови за правилно функционирање.

Пролетна супа 

Не, супата не е јадење кое треба да се користи само во зима. Супата е јадење кое треба да се користи во сите годишни времиња, а особено во пролет и лето. Пролетната супа треба да биде ретка, со разновиден зеленчук. Избегнувајте додавање на зачини, запршки или слични сосови во јадењата, кога надвор времето е топло. Ретката зеленчукова супа ќе ја одржува рехидрацијата на телото, а исто така е и лесна за варење, таа нискокалорична и е одличен избор во сите пролетни диети.

Сок од лимон 

Лимонот овошје кое е создадено за да го исчисти и чува организамот. Исцедете еден лимон во чаша, а потоа дополнете ја чашата со млака вода. Пијте го ова секое утро на празен стомак, идеален начин за чистење на организамот и енергија за пролетниот ден. 

Време е за салати

Свежата салата мора да биде секојдневно на вашата трпеза. Неодоливиот вкус на марулата, убавото малдо лукче, доматот, и се она што ни го нуди природата во оваа доба од годината, мораме максимално да го искористиме. Конзумирањето на свежите салати ќе го задоволат организамот со сите потребни состојќи и минерали за енергија и виталност во текот на целиот ден.

Време е за вежби

Токму ова е периодот од годината кога треба да се започне со вежбање. Користете лагани и помалку напорни вежби, но користете ги редовно. Не заборавајте додека вежбате телото да го освежувате со вода или сок од некое вкусно свежо исцедено овошје. Доколку немате идеа со какви вежби би започнале, посетете ја нашата категорија вежби и вежбајте заедно со некоја од инструкторките од видеата, така ќе бидете сигурни дека вежбите ги изведувате правилно, ќе имате друштво, а и времето изгубено на вежбање ќе биде многу мало.

Време е за излет

Први мај не е единствениот датум во годината кога треба да размислувате за излет. Секој ден кој што ќе ви биде слободен искористете го да отидете некаде каде што ќе можете да уживате во убавините на пролетта. Не мора да одите на планина, доволно е да го најдете најблиското зелено место кое е понастрана од урбаниот метеж. Ако ова го практикувате барем двапати во месецот, ќе забележите колку вашето расположение ќе биде подобро, а вие ќе бидете весели и полни со енергија.

Зелена, бојата на пролетта

Зелената боја или бојата на пролетта, бојата на природата, бојата која што смирува, одмора, опушта, носи здравје... Боја која треба да ја конзумирате со уста, но и со очи, зелените салати, зелените дрвја, зелената природа, здравје кое зрачи ...


 

 

www.doktori.mk, 22.03.2014

Последна вест

Најчитани статии - животен стил