Пролетни ролнички со зеленчук

кулинарски мајстор

Полни со зеленчук, овие ролнички се совршени за брз ручек во текот на работната недела. Парчиња кремасто авокадо, краставичка и морков сето тоа завиткано во нежни оризови листови. Здрави залачиња кои треба да ги направите.

Потребно е:

  • едно пакетче оризови листови

  •  листови марула

  • едно авокадо, исечено на долгнавести парчиња

  •  морков, исечкан на жилиен

  •  свежа краставица, исечкана на жилиен

  •  парчиња чаден лосос

  •  малку сусам

  •  ситно сечан магдонос

Подготовка: Прво, исечкајте ги сите зеленчуци. Во длабок сад ставете ладна вода и секој лист натопете го во водата околу 10 секунди, додека да омекне. Ставете го на даска за сечкање и брзо наполнете го листот. Завиткајте како ролничка, пресечете на пола и сервирајте. Ако сте расположени за сос во кој ќе ги мацкате ролничките, измешајте 2 лажици соја сос, 1 лажиче масло од сусам, пола ситно сечкано младо кромидче, 1 чешне испасиран лук, 2 лажици оризов оцет и 2 лажици чили сос. 

Дознајте повеќе за Теодора Трповска, кулинарски мајстор

www.doktori.mk, 29.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана