Најчести болести кои ги зафаќаат тестисите

Сексуалното здравје кај мажите е сеуште табу тема на овие простори. Мажите ретко сакаат да разговараат со некого за проблемите со половите органи и сексот, што е најголема причина за доцна откривање на болестите. Тестисите се парни органи кои ги создаваат половите клетки. Многу се сензитивни и многу лесно можат да заболата. Прочитајте кои се најчестите болести кои ги напаѓаат тестисите

Орхитис

Орхитис е болест која го зафаќа едниот или поретко двата тестиса. Се јавуваат болки, оток и покачена телесна темперетура. Состојбата ја предизвикуваат бактерии или вируси, се третира со антибиотици. Заушките се еден голем ризик кој може да предизвика орхитис, не лекувањето на орхитисот може трајно да го оштети тестисот.

симптоми: тежина во тестисите, покачена темперетура, болка, тапа до тиштечка, нелагодност, исцедок од пенисот, болки за време на уринарење, болки за време на ејакулација.

превенција: Вакцина против заушки, избегнување на ризични сексуални односи, кондоми.

Торзија на тестис

Се јавува најчесто кај спортисти, по удар во тестиси, најчесто кај млади тинејџери, но не е исклучок да се јави и во подоцнежна возраст. Тестисот е поврзан со крвни садови, нерви и семевод. Доколку овие елементи се увртат неколку пати се прекинува доводот на крв, доаѓа до исхемија на ткивото, оток и болки. Лекарот мора да го врати тестисот на место, ако не е можно мора да се побара помош од хирург.

симптоми: отечен и болесн тестис, прободни болки кои се шират кон стомакот, понекогаш и се чувствуваат во стомакот

превенцијаизбегнување нагло преминување од топло во ладно бидејќи промената на ширината на тестисите можат да го закочат во нефизиолошка поставеност, избегнување на удирање на тестисите, и било каква физичка манипулација.

Циста на подсеменик

Цистата во подсеменикот најчесто не е опасна и доколку е мала не се превзема ништо. Доколку расте и создава болка тогаш е потребно нејзино, најчесто хируршко третирање. Цистата е исполнета со течност, а може да има и полицистичност

симптоми:  Напнатост на потсеменикот, топчеста формација која боли на допир, може и да се зголемува

превенција: нема специфични мерки на превенција

Карцином

Карциномот е најопасната болест на тестиси кој може да направи сериозни проблеми. Прочитајте детално за карциномот на тестиси тука.

Кога сме кај карциномот на тестиси мораме да напоменеме дека е важен самопрегледот и тој најдобро е да го правите после туширање. После туширање скротумот е опуштен и тестисите се полесно за палпација, секаква нерамнина што ќе ја забележите треба да ја пријавите кај вашиот лекар. Важно е да се напомене дека мал процент од нерамнините и зрнестите цврсти структури што ќе ги напипате се рак, затоа не паничете, но никако немојте да се препуштате на среќа.

И половите органи се исто така органи, како што е срцето, како што е јазикот, желудникот, очите, цревата... тие не се ништо срамно, и тие бараат иста нега и ист начин на грижа како што се грижите за останатите органи. Затоа за било каков проблем на половите органи, без разлика дали се работи за тестиси или пенис, или пак за женските полови органи, веднаш обратете се кај вашиот лекар што е можно порано, бидејќи нема неизлечива билест, има само болест која не е откриена на време!

 

 

www.doktori.mk, 27.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина