Тајните на секојдневната детоксикација

нутриционист

Препознавањето на потребите од редовно прочистување на нашиот организам е прв важен чекор да се заштитиме од понатамошни болести и предвремено стареење. Сите наши клетки, секојдневно примаат хранливи материи и ги елиминираат непотребните состојки, секако, доколку им овозможуваме да ја извршуваат таа функција правилно и редовно.

Понекогаш нашиот животен стил им дозволува на нашите клетки да го извршуваат овој процес ефикасно. Но понекогаш, едноставно многу фактори можат да го забават тој природен процес и да дојде до акумулирање на големо количество непотребни материи. Со текот на времето нашиот организам се натрупува со непотребни материи и чувствува потешкотии, истите, да се отстранат лесно. Самото тоа ја нарушува здраствената состојба на организмот, и сето тоа резултира со пад на енергијата и видливи знаци на стареење.Една од најголемите тајни nа забавувањето на стареењето и подобрувањето на имунитетот, е секојдневното прочистувањето на телото. Следните совети ќе ви помогнат да го зачувате вашето здравје, да го подобрите и да му овозможите на организмот да се бори против болестите на денешницата. 

1. Спиење со празен стомак 

Овозможувајќи му на организмот да се одмори без храна во текот на ноќта во период од околу 10 часа денвно, може да биде особено корисно за здравјето на вашиот дигестивен систем. Ваквото испостување на организмот ќе му овозможи баланс на хормоналниот систем. Дури и нашите механизми за согурување на вишок масти, ќе бидат активирани и ќе му овозможат на организмот полесно да се ослободи од непотребниот вишок материи. Затоа, потрудете се да не вечерате многу доцна и секако не многу тешка храна која одзема многу енергија за нејзиното преработување пред да се искористат хранливите вредности. На почетокот можеби ќе се соочите со потешкотии и глад, меѓутоа мој совет е да се напиете чаша вода, да се релаксирате и да помислите на тоа колку оваа нова навика ќе биде корисна за вашето здравје во иднината.

2. Редовно спиење

Вооружете се со позитивни мисли, релаксирајте се со шолја топол чај од билки, дишете правилно, испразнете го вашиот ум од сите грижи и проблеми и препуштете му се на слаткиот сон.

3. Започнете го секое утро со чаша вода со лимон

Секое утро започнете го со чаша млака вода со лимон или чај од билки. Потрудете се ова да ви премине во секојдневна навика, која ќе ви помогне во елиминирањето на токсичниот материјал што секојдневно се акумулира во телото. Тоа значи повеќе енергија во текот на денот. 

4. Вода, воздух, одмор и сонце 

Пијте доволно количество на вода во текот на денот. Ниту една течност што ја конзумирате во текот на денот, не е иста како чистата вода. Звучи неверојатно, но нашето тело е составено од 70-90% вода. Затоа потрудете се да внесувате доволно количество вода во текот на денот, наутро, и помеѓу оброците. Исто така овозможете му на телото секојдневен одмор од секојдневните обврски, малку сонце и секако, доколку околностите и временските услови ви го дозволуваат тоа, што почести прошетки на чист воздух.

5. Природна храна

 Потрудете се во текот на денот да конзумирате што помалку преработена храна. Конзумирајте доволно количество на овошје и зеленчук секој ден. Исхраната богата со овошје и зеленчук е магија за виталноста на вашето тело и отпорноста од болести. 

6. Движете се

Доколку не сте во можност да прошетате на чист воздух тој ден, потрудете се на друг начин да додадете некоја физичка активност во вашиот ден. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од големо количество непотребни материи, ќе ви помогне да ја зголемите виталноста на организмот и неговата отпорност од болести и ќе го намали стресот, што е особено голем причинител за натрупување на токсини во телото. Едноставно кажано, редовното движење значително помага да го активираме нашиот максимален потенцијал и да придонесеме за секојдневното прочистување на телото.

Доколку ги применувате овие здрави навики, бидете сигурни дека вашето здравје значително ќе се подобри. Со други зборови, вашиот живот ќе се промени засекогаш! Старите навики не исчезнуваат бргу, затоа ве охрабрувам да бидете трпеливи и да започнете да чекорите по патот на успехот, уште денес. Вашата упорност ќе го доведе вашето тело во благосотојба и ќе овозможи синхронизараност на вашето тело, дух и ум. 

 

дознјате повеќе авторот

Зорица Стоименова, нутриционист

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 26.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил