Зелен чај - подобар и од најдобрите

Зелениот чај спротивно на другите, започнува масовно да се употребува. На него му се препишуваат многу благодети, некои го нарекуваат и чудо на природата. Зелен чај сите сте пробале некои велат дека е вкусен други дека не, но дали тој е навистина толку корисен или е само минлива мода?

Во кина оваа билка е позната веќе неколку илјади години. За разлика од тоа што кај нас зелениот чај од неодамна стапи во мода, во Кина одамна е позната поговорката која вели Подобро три дена без леб одколку еден без чај. И да, толку илјади години масовно се користи и воопшто не излегува од мода, што значи само едно, зелениот чај е навистина моќно оружје на организамот. 

На зелениот чај му се препишуваат многу особености и тоа со право, бидејќи зелениот чај е еден голем резервоар со антиоксиданси, го спречува предвременото стареење на клетките, ја подобрува концентрацијата, ја ревитализира кожата, штити од акни и има добар антиканцероген ефект.

Доколку имате бактериска или вирусна инфекција, пиењето на зелениот чај е навистина добар избор. Зелениот чај има антибактериски и антивирусен ефект го јакне имунитетот и му помага на природен начин да се избори со патогениот организам и да се врати во нормална функција.Зелениот чај е моќен анти-хипертензив, го штити срцето ги штити крвните садови и го намалува крвниот притисок. Па слободно можеме да кажеме дека зелениот чај е нешто без што не треба да го оставиме денот. Може да го пиеме топол или млак, а во лето зелениот чај можеме да го пиеме и пооладен, тоа не е никаков проблем, најважно е само да го пиеме редовно, една до две шољи дневно.

Чајот во Кина и во Јапонија многу често се употребува и е исто како што кај нас се употребува лебот. Значи незаменлив дел од денот. Поради ова во Кина и во Јапонија карциномите се значително помалку застапени, во споредба со било која развиена држава во светот. Зелениот чај содржи и кофеин, мала, но сосема доволна количина, односно би рекле дека зелениот чај содржи идеална количина на кофеин. Му помага на телото да остане будно и активно за време на напорните физички и ментални активности. Зелениот чај е избор број еден за учениците студентите, но и за сите кои се занимаваат со напорна ментална работа која трае до доцна во ноќта.

Благодетите на зелениот чај се потврдени и докажани со многу истражувања. Зелениот чај е еден од ретките чаеви кои имаат докажан анти-канцероген ефект.  Според некои истражувања луѓето кои имаат карцином во полесен стадиум со пет чаши зелен чај дневно, ќе го намалат значително ризикот од негово ширење. Зелениот чај се препорачува да биде дел од сечие мени, но особено на оние кои се хранат нездраво, или се дел од ризична популација да заболат од карцином на било кој дел од телото.

Идеалната количина на зелен чај е 3-4 чаши во текот на целиот ден. Тој содржи полифеноли, витамини и многу други супстанци кои се добри за телото. Но, како и се друго ниту тој не треба да се зема во преголеми количини, според некои научници 800-1000 мл, во текот на целиот ден е одлична доза.

Ако сте анемични пред да земете зелен чај консултирајте се со лекар, бидејќи теоретски зелениот чај, може да ја намали апсорпцијата на железо, доколку се пие во поголеми количини. Зелениот чај не се препорачува кај епилептичари, луѓе алергични на кофеин, кај луѓе кои имаат срцеви аритмии и кај оние кои патат од несоница, бидејќи предозирањето има сличен ефект како предозирање со енергетски напитоци.

Зелениот чај го намалува апетитот, што некои случаи тоа е одлична работа. Доколку сте на диета има уште еден бенефит а тоа е дека  освен што го намалува апетитот го чисти организамот и ви помага да ослабнете.

Напомена: Предозирање со зелен чај постои, а тоа е повеќе од 8-10 чаши дневно, може да дојде до општа слабост на организамот, гадења повраќања, аритмии, главоболка несоници и несвестици, затоа пијте го зелениот чај редовно, но никогаш и со ништо не претерувајте.

www.doktori.mk, 25.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација