Доктори.мк | Пролетни тестенини | proletni-testenini | Портал за медицина и здравје

Пролетни тестенини

кулинарски мајстор

Продолжуваме со часовите по готвење. Денес ви нудиме начин на приготовка на вкусни и здрави пролетни тестенини.

Потребно е:

  • 1 пакетче макарони

  • 1/2 главица брокула, разлистана на парчиња

  • 3 млади  кромидчиња

  • 2 млади лукчиња

  • 2 зелени тиквици, исечкани на тркалца

  • 1 жолта тиквичка, исечкана на тркалца

  • 150 грама свежи шампињони, исечкани на парчиња

  • малку грашок

  • 1 црвена бабура, исечкана на листови

  • малку путер

  • сол, бибер

Подготовка:

Макароните сварете ги во солена и зовриена вода. Сите зеленчуци, овен кромидот, лукот и печурките, сварете ги на пареа. така, ќе ја задржат бојата и ќе бидат меки. На малку растопен путер, пропржете ги лукчето и кромидот, многу кратко, колку само да ја ослободат аромата. Пропржете ги и шампињоните. Целиот зеленчук ставете го во длабок сад, во него ставете ги исцедените макарони и сето промешајте го. Зачинете со малку сол и бибер, за вкус.

Забелешка:

Ова јадење може да го подготвите и со ориз, најдобро интегрален. А, ако сакате јадењето да биде уште повеќе здраво од колку што е, направете го со интегрални тестенини.

 

Дознајте повеќе за Теодора Трповска, кулинарски мајстор


 

www.doktori.mk, 23.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана