Најубавите Европски плажи - предизвик за престојното лето(фото)

Пред самиот крај на месец Aприл, претстојната сезона за летните одмори веќе започнува да се подготвува... Главен мотив за тоа е и пролетното сонце кое ни навестува жешко лето. Денес ви ги претставуваме најубавите европски плажи кои ќе ве очекуваат во летото што доаѓа ...

Navagio, Zakynthos - Грција

Navagio плажата или уште позната и како Shipwreck bay, е една од најпознатите и убедливо најубавите плажи во Грција. Плажата е вистински рај за очите и душата, но е една од најпопуларните во Европа, па доколку не сакате гужви, избегнувајте го пикот на сезоната.

Spiaggia Sabbie Nere, Сицилија - Италија

Необична плажа, за која ќе раскажувате целиот живот. Плажа полна со вулкански песок, вистински рај, одмор за очите, душата, во Spiaggia SabbieNere, царува мирот и природата.

Sagres – Algarve - Португалија

Плажа која ќе ве одушеви со прекрасна боја на морето и неповторливи крации на природата.  Sagres – Algarve, е вистинско доживување, потполно е природна, се препорачува за луѓе кои знаат вистински да уживаат во убавините на природата.

Cala Tarida, Ибица - Шпанија

На Ибица ќе го најдете сето она што си го замислувате како идеално, кога станува збор за плажа, сонце, вода ... Без било што да се образложува сликите кажуваат многу ...

Playa Papagayo, Шпанија

За сите љубители на мирот. Сите оние кои сакаат вистински да одморат, да го чувствуваат морето, а без при тоа да изгубат и малку од она што значи "добар провод", топла прекорака е Playa Papagayo, плажа која ќе ги задоволи и најпребирливите.

Уште многу, многу прекрасни плажи го красат стариот континент, ние денес ги одбравме овие како едни од најубавите, летото е на прагот и време е да размислите која од нив ќе биде вашата следна дестинација.

www.doktori.mk, 20.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости