Полиомиелит – Детска парализа

магистер по фармација

Заедно со  м-р Елизабета Панчевска започнуваме серијал на статии кој ќе ги опфати најчестите заразни болести кај деца во претшколска возраст

Заразните болести се вид на заболувања кај луѓето и животните предизвикани од микроорганизми (бактерии, паразити, вируси). Инфекцијата сама по себе не е болест, затоа што таа само понекогаш може да доведе до заболување. Заразните болести имаат широк спектар на симптоми и клинички слики во тек на развојот на болеста. Симптомите може да се јават во рок од неколку дена, недела па дури и по една година од заразата. Зависно од личниот имунитет и врстата на инфекција, инфективните болести може да предизвикаат незначајни симптоми и да поминат без посебно лечење. Некои инфекции брзо предизвикуваат драматични здравствени проблеми. 

Заразни болести кај децата

Децата имаат имунолошки систем кој е во созревање и нивната честа близина дава  допринос за особено лесно објаснување на појавата на заразни болести кај децата. Заразните болести често се предизвикани од ширењето на бактерии (како на пример кај шарлах) или вируси (како на пример кај овчи сипаници, мали сипаници, шап и лигавка, и неколку други) во капки од плунката и секретот, особено при кашлање или кивање. Заразните болести, исто така, може да се случат при близок личен контакт со друго заразено лице или дури и со споделување лични предмети на заразено лице, како и во случајот со инфекции предизвикани од инсектите (како на пример со вошки и шуга) или габични инфекции.

Полиомиелит - Детска парализа

Причини, инциденца и ризик фактори

Полиомиелит е болест предизвикана од инфекција со полиовирусот. Вирусот се шири преку директен лице-в-лице контакт, преку контакт со заразена слуз или секрет од нос или уста, или преку контакт со заразен измет. Вирусот навлегува низ устата и носот, се размножува во грлото и цревниот тракт, а потоа се апсорбира и се шири преку крвта и лимфниот систем. Времето од заразување со вирусот до развивање на симптоми на болеста (инкубација) се движи од 5-35 денови (просек 7 - 14 дена).


Ризик фактори

Недостаток на имунизација против детска парализа, а потоа изложеност на детската парализа. Патување во области каде е развиен вирусот, со најголема веројатност за да се појави оваа болест кај деца, бремени жени, и стари лица. Оваа болест е почеста во лето и есен.Го напаѓа нервниот систем кај децата до 5 годишна возраст и предизвикува целосна парализираност.Полио-вакцината може да го заштити детето за цел живот.Во Република Македонија имунизацијата (вакцинација и ревакцинација) против ова заболување е задолжителна и континуирана во тек на целата календарска година согласно постоечкиот годишен Календар за задолжителна имунизација.Помеѓу 1840 и 1950 година, детската парализа била светска епидемија. Со развојот на полио-вакцини, инциденцата на болеста значително се намалила. Вирусот е истребен во голем број земји. Имало мал број на случаи на детска парализа во западната хемисфера од крајот на 1970-тите.Епидемии уште се случуваат во развиениот свет, обично во групи на луѓе кои не биле вакцинирани. Благодарение на еден голема, глобална кампања за вакцинација во текот на изминатите 20 години, детската парализа постои само во неколку земји во Африка и Азија.

Симптоми и знаци

Постојат три основни видови на полио-инфекција: субклинички инфекции, непаралитични и паралитични. Околу 95% од инфекциите се субклинички инфекции, кои не можат да имаат симптоми. Субклиничка инфекција: генерална непријатност или немир (малаксаност), главоболка, зацрвенето грло, мала треска, воспалено грло, повраќање. Луѓето со субклиничка полио-инфекција може да немаат симптоми, или симптомите може да траат 72 часа или помалку.

Клиничкиот полиомиелит влијае врз централниот нервен систем (мозокот и 'рбетниот мозок), и е поделен во непаралитична и паралитична форма. Може да се случи по закрепнувањето од субклиничката инфекција.Симптоми при непаралитичен полиомиелит:болки во грбот, дијареа, прекумерен умор, замор, главоболка, раздразливост, болки во нозете, умерена треска, вкочанетост на мускулите, мускулна осетливост и грчеви во било кој дел од телото, болка во вратот и вкочанетост, болка во предниот дел од вратот, болка или вкочанетост во грбот, рацете, нозете, стомакот, осип на кожата, повраќање.Симптомите обично траат 1 - 2 недели.Симптоми при паралитичен полиомиелит: треска 5-7 дена пред другите симптоми, абнормални сензации (но не и губење на чувство), чувство на подуеност во стомакот, тешкотии при дишењето, запек, главоболка, раздразливост, мускулни контракции или мускулни грчеви во листовите, вратот, мускулна слабост, локацијата зависи од тоа кој дел од 'рбетниот мозок е зафатен, се влошува во парализа, осетливост на допир, благ допир може да биде болен, вкочанет врат, тешкотии при голтање.

Знаци на иритација на менингите (сличен на менингитис), како што е вкочанет врат со тешкотии во виткање на вратот. Може да се јават и тешкотии при дигање на главата или кревање на нозете при лежење рамно на грбот, а рефлексите може да се абнормални.


 

Тестови

  • Рутинскo CSF(цереброспинална течност) испитување.

  • Тест за нивото на антитела кон вирусот полио

  • Вирусни култури на грлото, столици, или цереброспиналната течност (CSF)

Третман

Целта на лекувањето е да се контролираат симптомите на инфекцијата, додека таа се одвива по својот тек. Лицата кои се тешки случаи може да имаат потреба од мерки за спасување на животот, особено за давање на вештачко дишење.

Симптомите се третираат врз основа на тоа колку се тие тешки. Како третман се препорачува:

  • Антибиотици за инфекции на уринарниот тракт

  • Лекови (како Bethanechol) за уринарна ретенција

  • Влажна пареа (топли крпи) за намалување на болката и грчевите во мускулите

  • Лекови за намалување на главоболката, болки во мускулите, грчеви и (наркотични средства обично не се дадени, бидејќи тие го зголемуваат ризикот од потешкотии во дишењето)

  • Физикална терапија, протези или корективни чевли, или ортопедска хирургија за да им помогне да се опорави мускулната сила и функција.

Очекувања (прогноза)

Што треба да се очекува зависи од формата на болеста (субклиничка, непаралитична или паралитична) и страната која е погодена. Ако 'рбетниот мозок и мозокот не се вклучени, што е случај и повеќе од 90% од времето, комплетното излекување е веројатно.Кога се зафатени мозокот или ‘рбетниот мозок, земаат учество во медицински итни случаи што може да резултира со парализа или смрт (најчесто од респираторни тешкотии).

Превенција

Полио имунизација (вакцина) ефективно спречува полиомиелит кај повеќето луѓе (имунизација е над 90% ефективна).

 

Неактивна вакцина против детска парализа (InactivatedPolioVaccineIPV)

IPV вакцината се дава со инјекција. Содржи три вида на неактивни вируси на детска парализа. Со низа на 4 инјекции на растојание од 2 месеца меѓу секоја доза се создава долготрајна отпорност кон оваа болест. IPVвакцината може да се замени со вакцина против детска парализа што се зема преку уста (oralpoliovaccine– OPV), ако претходните дози на вакцината биле примени преку уста. Вообичаени несакани ефекти на IPVсе: болки во мускулите, благо зголемена температура, болка, црвенило и оток на местото каде што е примена инјекцијата, привремена мала грутка на местото каде што е примена инјекцијата.

 

-авторски текст , не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

 

Дознајте повеќе за м-р Елизабета Панчевска

Кон рубриката "Најчестите заразни заболувања кај деца во претшколска возраст" >>>

www.doktori.mk, 18.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина