Зелено смуди со кељ

кулинарски мајстор

Кељот, како одличен извор на витаминот Б, треба почесто да се употребува во исхраната. Освен што е многу здрав и хранлив, овој зеленчук е богат и со антиоксиданси. Бидејќи сега е достапен на пазарите, купете си една главица кељ и направете си вакво вкусно и здраво смуди. 

Потребно е:

  • 300 милилитри  вода
  • 1 големо зелено јаболко, исечено на парчиња
  • 1 голема круша, исечена на парчиња
  • 200 грама кељ, измиен и исечен на крупни парчиња
  • 60 гр свежо нане
  • прстофат цимет
  • 1 – 2 лажици мед
  • сок од еден лимон или лајм

Подготовка: Сите состојки, заедно со водата, ставете ги во блендерот и миксајте додека да добиете еднолична течност. Претурете во чаши и уживајте во ова исклучително здраво смуди во било кој дел од денот.

Ова јадење е преполно со сезонски, пролетни, зеленчуци. Полна чинија здравје, после која ќе се чувствувате сити и полни со енергија. Овие пролетни тестенини се подготвуваат брзо и се многу вкусни. Освен тоа, сите витамини од зеленчукот се зачувани, затоа што тие се готват на пареа.

 

Дознајте повеќе за Теодора Трповска, кулинарски мајстор

www.doktori.mk, 16.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана