Доктори.мк | Зошто редовно треба да пиете јогурт? | zosto-redovno-treba-da-piete-jogurt | Портал за медицина и здравје

Зошто редовно треба да пиете јогурт?

За доручек, после доручек или за вечера, чист или заедно со сирење, житарици или со мед, без разлика како сакате, ние само можеме да кажеме дека јогуртот е намирница на која едноставно треба да и се восхитуваме. Ако сакате неколку конкретни причини плус зошто да пиете јогурт, прочитајте го краткиот текст што следува ...

Со јогурт до убава и витка линија

Јогуртот е нискокалорична намирница, со неговото конзумирање се намалува лачењето на кортизолот а со тоа се намалува можноста за дебелеење. Започнете го денот со јогурт, вашите меѓу оброци можат да бидат богати со јогурт и крцкави лепчиња(двопек) на пример, или пак јогурт и суво овошје идеална комбинација за здраво тело и витка става.

Со јогурт против хипертензија

Минералите кои се наоѓаат во јогуртот овозможуваат лесно да се елиминира вишокот на соли во крвта и да се намали односно да се регулира крвниот притисок. Во Република Македонија скоро секој човек зема сол двојно поголема од дневно препорачаната, затоа користењето на јогуртнот е повеќе од потребна.

Со јогурт до бели заби

Јогуртот не предизвикува кариес, напротив ги штити забите од кариес, а калциумот допринесува тие да бидат бели. Јогуртот освен забите ги штити и непцата и гингивите. Затоа екпертите велат еден јогурт на ден за здрави и блескаво бели заби.

Јогуртот го подобрува варењето на храната

Јогуртот го подобрува варњето на храната. Со секој пообилен оброк се препорачува да се конзумира по еден јогурт, особено оние пробиотските. Тие ќе помогнат во варењето на храната и одржување на нормалната цревна флора.


 

Повеќе за благодетите на јогуртот во статијата Освежете се со јогурт

www.doktori.mk, 13.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана