Се што треба да знаете во врска со сенфот

Можете ли да си замислите хот-дог без сенф? Иако хот-догот е далеку од здрава исхрана сенфот е најздравото нешто што можете да го ставите врз него. Дали сенфот припраѓа во категоријата здрава храна или пак можеби не? Прочитајте и дознајте ...

Сите знаеме за кечап и мајонез, несомнено и сите ги употребувате. Но, што е со сенфот дали тој ја дели истата слика како и кечапот и мајонезот? Па одговорот е категорично НЕ. Сенфот за разлика од мајонезот и кечапот е дефинитивно на листата на храна здрава за конзумирање. Тој се добива од  семките на растението синап или горчица, заедно со уште некои додатни состојќи се создава сенф. Препознатлив по својот горчлив вкус, а прославен по неговото редовно додавање во хот-догот и сендвичите со виршли и колбаси.

Дека сенфот е здрава храна, ќе сфатиме уште кога ќе дознаеме дека една лажица сенф содржи само 3 калории, и воопшто нема масти.  Во сенфот не се додава шеќер, а не се додава ниту ништо посебно што има повеќе калории. Ако неможете да се откажете од ваквите намази, сенфот е идеално решение за вас.

Дали сте на диета? Диетата е нешто тотално спротивно со користењето на калоричните бомби како што се кечапот и мајонезот. Но, затоа сенфот е нешто поразлично. За време на диетите сенфот можете да го користите во неограничени количини и воопшто да не се грижите дали можеби ќе ви донесе некоја калорија плус. Во правењето на сенфот се става состојка позната како индиски шафран (куркума), оваа состојка има антивоспалителни ефекти и ова својство секако му се пренесува и на сенфот. Сенфот го намалува ризикот од рак на дојка, колон и простата, баш поради присуството на шафранот во неговиот состаф.

Кога е сенфот во прашање секоја година се добиваат нови откритија и за среќа скоро сите се позитивни и го одобруваат неговото користење. Сенфот има антиоксиданси, влијае позитивно кај артритиси, а влијае и како превенција од алцхајмер.  Сенфот е моќен стимуланс на гастро интестиналниот систем, го потикнува и го чува од воспаленија и малигни неоплазии.

Поволностите на сенфот сеуште не се доволно откриени но се смета дека тој има моќен удел во заштитата од рак. Сенфот е несомнено здрава намирница и тоа повеќе отколку што сте очекувале. Идеална е замена за намирниците слични на него, што и е причина број еден да го имате секогаш во вашиот фрижидер.

www.doktori.mk, 10.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана