Како настанува и како се оперира воспаление на слепото црево? (видео анимации)

Апендицитис или народски познато како воспаление на слепото црево, е многу чест случај насекаде во светот. Најчесто заболуваат деца и млади, но тоа не е правило. Црвовидниот израсток на слепото црево може да се воспали во било кој период од животот. Денеска ви претставуваме две видео анимации со кои ќе ви објасниме визуелно како настанува воспалението  на слепото црево и со кои хируршки процедури безбедно се оперира.

Уште на самиот почеток да разјасниме, никогаш не се оперира слепото црево, туку се оперира црвовидниот израсток кој се наоѓа прикачен на слепото црево. Израстокот на латински се нарекува apendix vermiformis, па поради ова и самата процедура се нарекува апендектомија. Повеќе за апендектомијата можете да прочитате во нашата статија во која истата детално е опишана

Со помош на следните две видео анимации детално ќе ви објасниме како доаѓа до воспаление на слепото црево, и како на современ начин доаѓа до негово отстранување.

 

1. На првото видео за само една минута ќе сфатиме како доаѓа до воспаление на црвовидниот израсток:

 

2. На следното видео можеме да видиме анимација која ни ја опишува процедурата на отстрануваање на црвовидниот израсток и се што треба да знаеме во врска со овој хируршки зафат:

 

www.doktori.mk, 01.05.2014

Последна вест

Најчитани статии - медицина