Бреза - моќен лек за кој малку знаеме

Бреза (betula pendula), е на вас добро познато растение, eдинствено што вам веројатно не ви е познато е фактот дека брезата е изклучително корисно растение. Корисни се и листовите и ресичките и кората. Листовите од брезата најдобро е да се берат во рана пролет, а потоа да се исушат на ладна промаја. Во рана пролет лековитите својства во листот се најмоќни, иако листот може да се бере во текот на целата година.


Листовите од бреза содржат танини, спонини, киселини, смола и витамин Ц. Во помали количини тие содржат етерични масла, како и калиум и калциум. Етеричното масло од бреза е најмоќно во лисните пупки кои исто така се собираат и тоа уште во зимата. Тоа помага при дишење, односно при опструктивни белодробни болести,  а од лисните пупки се вади со помош на дестилација со водена пареа.

Со листовите и пупките добиени од брезата се приготвува чај. Треба да се внимава чајот никако да не се вари. Се зема една лажичка сув лист од бреза и се прелива со врела вода, потоа се цеди и се пие. Според познавачите овој чај е еден од најмоќните диуретици познати на нашите простори.

Се препорачува како диуретик, за отстранување на вишокот на течности од организамот, но и за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите, бидејќи според познавачите чајот од бреза има моќ за топење на камчињата во бубрезите. Чајот од бреза исто така е добар за учениците и студентите бидејќи има моќ да ја подобри концентрацијата и да влијае врз способноста за помтење.Чај кој е комбинација од листови од бреза и брезови ресички, е идеален третман за излачување на киселините од организамот, се препорачува и за третирање на реуматски болести и треска.

Брезата е растение кое има и многу повеќе поволности од овие што ги набројавме. Сепак веруваме дека вие досега воопшто брезата не ја сметавте за растение кое има толку многу да ви понуди, а во едно до неа е најлесно да се стигне, бидејќи ја има на секаде. Па, така заклучивме дека чајот од бреза е напиток за сите генерации, пробајте и проценете сами.

www.doktori.mk, 09.12.2016

Последна вест

Најчитани статии - фармација