Мали работи кои прават големи проблеми во врската

Некои работи ги правиме рефлексно и тие се последица на нашиот карактер. Некои работи можеме да ги смениме, но едноставно не сметаме дека тие би биле проблем во нашата врска. Еве според нас кои се тие мали работи, кои прават големи проблеми во врската.

Комуникација

Најчесто ова е проблем што го правиме рефлексно, ја намалуваме комуникацијата, многу малку сме отворени кон партнерот што предизвикува тој да се сомнева во вашата љубов спрема него. Понекогаш важни детали од вашиот живот несвесно ги прикривате, па истите кога подоцна ќе се дознаат ја разнишуваат довербата помеѓу вас. Пробајте да комуницирате што е можно повеќе, на разни теми и разни муабети. Не сокривајте од партнерот работи кои сметате дека е важно да ги знае уште на самиот почеток. Така ќе спречите нагла промена во вашите односи.

Толеранција и љубезност

Немојте веднаш да избувнувате доколку тој или таа не го стори тоа за што вие сте замолиле. Можеби ќе кажете карактерот ми е таков, но тоа воопшто нема да води на добро. Затоа изброите до 3 секогаш кога сте многу изнервирани, или кога сте свесни дека ќе избувнете. Од друга страна пак никогаш не заборавајте да кажете фала или извини, дури и за најмалите ситици, тоа се детали кои ќе ве опишат како љубезна личност, а тоа никогаш нема да биде негативна карактеристика.

Приватност

Секој има своја приватност, па дури и вашиот партнер, без разлика што можеби вие сметате дека треба да сте дел од секоја негова приватност. Има моменти кога сите ние сакаме да бидеме сами со себе некогаш и некаде, и кога тоа од вас ќе го побара вашиот партнер, немојте веднаш да се навредувате, туку секогаш почитувајте го неговото или нејзиното право на приватност.

Ултиматум

Давањето на рокови и ултиматуми е нешто што никако не смеете да го правите, без разлика колку сте во право. Имаш три дена да го направиш тоа, или до вечер да биде готово е нешто што не само што ќе направи проблем, туку и вашата врска ќе ја однесе во пропаст.

Љубомора

Ова е меч со две острици. Од една страна малку љубомора докажува дека му значите на партнерот, од друга страна таа може да стане болест, со што партнерот ќе ја искриви сликата за вас. Ако некогаш некаде сака да отиде, без разлика дали е тоа шопинг или фудбалски натпревар со другарките или пријателите, вие едноставо треба да кажете во ред и да го оставите да диши. Доколку сте отворени и толерантни и имате разбирање за партнерот или партнерката, со сигурност тој ќе има само позитивни коментари за вас, и ќе се обиде да ви докаже дека вашата доверба е оправдана. Секако има и исклучоци, но доколку вашиот партнер е таков вие ништо нема да можете да смените биле или не љубоморни.

www.doktori.mk, 08.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил