Домат - господар на трпезата, моќен чувар на здравјето

Домат, или црвен патлиџан на латински познат како Lycopersicon lycopersicum, представува градинарско растение, кое има мешана позиција помеѓу овошје и зеленчук. На нашиве простори нема кој го нема пробано и нема кој едноставно не го обожува, од него се прават секакви јадења, салати, зимници, сосови, супи, разни специјалитети, меѓу кој најпознат специјалитет е кечапот кој е незаменлив во сите ресторани ширум светот. Едноставно без кечап не би постоеле многу јадења како што е пицата на пример ...

Денес одбравме да ви ги претставиме здравствените придобивки на доматот, и да ви откриеме колку е тој здрав и корисен за организамт.  Дали масовната употреба на доматот е правилна? Прочитајте во текстот што следува ...

Доматот не бил познат на луѓето се до пронаоѓањето на Америка. Тогаш шпанците го донеле во Европа, и тој почнал масовно да се одгледува. Иако плодот од доматот е најкористениот и еден од најздравите плодови на нашата територија, неговите листови и стебла не се употребуваат за ништо, бидејќи содржат одредени токсини, со што можеме слободно да ги класифицираме во групата на отровни.

Доматот е еден од многу ниско калоричните храни, содржи 18 килокалории на 100  грама што го става во групата на намирници идеални за вклучување во диети. Од неговиот состав близу 95 % е вода.  Јаглехидрати 2,6%, протеини 0.9%, масти 0,2%. Доматот е многу богат со бакар, но интересно е тоа што содржи железо повеќе и од пилешкото месо, рибата и млекото. Од доматот важни се и каротеноидите, тој содржи преку 600 типови на каротеноиди. Ликопенот ја дава црвената боја на доматот, бостанот и други слични растенија. Дури 85% од вкупниот ликопен кој се внесува во организамот се добива во доматот.

Ако започнеме да коментираме за здравствените придобивки од користењето на доматот, навистина ќе има многу што да кажеме, ние ќе ги спомнеме само најважните придобивки со кои можете да се стекнете доколку редовно го конзумирате доматот. Поради високото присуство на оксална киселина, доматот е одличен избор за луѓето кои патат од болести во зглобовите, реуми и воспаленија на зглобната капсула. Одличен избор и кај луѓето со кардио васкуларни заболувања, доматот го штити срцето и крвните садови и го намалува притисокот.

Пред малку го споменавме ликопенот, ако се запрашавте зошто, тогаш треба да знаете дека ликопенот е најмоќен антиоксиданс, дури два пати помоќен од за вас добро познатиот бета каротен, и 10 пати помоќен од алфа токоферолот. Па, неговото огромно присуство во доматот го прави доматот вистински борец против слободните радикали или вистинска антиоксидантна бомба, што според експертитесериозно го намалува ризикот за појава на многу типови на карциноми.

Трудете се колку што можете доматот да го употребувате свеж и од органско потекло, но на есен секогаш конзервирајте си доволна количина за да не останувате без овој плод ниту еден месец во годината. Најдобро е да го чувате замрзнат во комора за длабоко замрзнување, тогаш ќе го конумирате со квалитет најблиску до оној што го има свежиот.

Кога сме кај кечапот ќе кажеме дека, кечапот е многу здрав, но оној домашниот. Останатите се полни со адитиви кои го надминуваат корисниот ефект. Па доколку сте во можност секогаш направете си домашен кечап, со додавање на исклучително природни состојќи, така нема да го загрозите квалитетот и ќе ги добиете сите благодети како кога го козумирате плодот.

Како што веќе рековме доматот има неверојатно многу продобивки ние набројавме само неколку важни, па затоа сметаме дека не е потребно да ви повториуваме дека доматот е плод кој е убедливо најбогат извор на антиоксиданти, што го прави моќен чувар на нашето здравје.

www.doktori.mk, 06.04.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана