Со ласер до трајна промена на бојата на очите

Дали сте задоволни од природната боја на вашите очи? Наскоро ќе можете да ја промените и тоа трајно ...

Американскиот научник Грек Хомер, тестира најнова технологија на ласерска корекција на очи, но таа нема да има задача да помага на видот, туку да ја менува бојата на очите. Најновиот ласер ќе носи име Lumineye, а неговата првична намена ќе биде да се осветлува бојата на очите.

Можат да се слушнат многу луѓе кои велат дека не се задоволни од природната боја на очите. Тие досега немаа можност да направат ништо освен да стават контактни леќи на очите, па додека ги носат да имаат променета боја на очите. Lumineye е ласерска технологија која сеуште не е одобрена, но се очекува тоа да се случи наскоро. Според неговиот изумител, тој не може да му наштетни ниту на видот ниту на било кој друг начин  нема да може да го оштети ткивото, бидејќи тоа е неинвазивна метода.

 Lumineye ќе ги отстранува пигментите и ќе ги променува така што ќе ги прави посветли, со што на крајот ќе се добие сосема нова поинаква боја на очите, која ќе биде трајна. Според Грек заинтересираноста за оваа метода е огромна, иако таа сеуште не ги поминала сите тестирања за да биде одобрена, но Грек речиси воопшто не се сомнева дека тоа ќе се случи.

Кој ќе може да ја користи услугата?

Услугата ќе можат да ја користат само луѓето со темна боја на очите, т.е. нема да можат да ја користат зеленооките и оние кои имаат сини очи, бидејќи технологијата на ласерот е да го осветлува пигментот, со што оние кои имаат кафеави очи ќе можат да добијат плави или зелени, дали ќе може да се избере боја, сеуште не ни е познато.

Како ќе се изведува процедурата?

Според Грек процедурата се изведува со локална анестезија за околу 20 секунди, во лекарска ординација. По зафатот ќе бидат потребни околу 2 до 4 недели за бојата на очите да добие стабилизирана нијанса.

Промена на бојата на очите, дали досега сте размислувале на вакво нешто? Доколку не сте размислувале, тогаш, додека оваа технологија стигне кај нас, ќе имате доволно време да размислите дали и вие би биле во таа група на луѓе кои ќе ја променат бојата на очите. Ако сакате да видите како би изгледале со друга боја на очи, користете некоја компјутерска програма, денес барем тоа е лесно.

www.doktori.mk, 05.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - занимливости