Навики кои можат сериозно да ги оштетат бубрезите

Бубрезите се важни органи во нашето тело бидејќи учествуваат во многу функции. Тие се органи низ кои протекува најмногу крв во текот на денот, затоа се многу осетливи на оштетувања. Денес ви претставуваме навики кои често се користат, а кои можат да ги оштетат бубрезите.

Повеќе сол во храната

Има луѓе кои редовно обожуваат да користат храна која е посолена од нормалното, но ова е голем ризик. Солта влијае на притисокот и го покачува, а редовното благо покачување на притискокот со текот на годините може да доведе до сериозно оштетување и инсуфициенција на бубрезите  Солта не е потреба, солта е навика! Посолувајте минимално, за да ги зачувате не само бубрезите туку и сите други органи.

Претерување со таблетите против болки

Таблетите против болки со зголемена употреба можат сериозно да го оштетат бубрежното ткиво. И оние кои се препишуваат на рецепт, но и оние кои се на слободно исто толку штетно делуваат на бубрезите. Истиот ефект според истражувањата имаат и некои апчиња за притисок.

Цигари

Да, пак ги споменавме, но последните истражувања покажуваат дека цигарите освен што влијаат штетно врз срцето и белите дробови, тие влијаат штетно и врз бубрезите. Кај постојаните пушачи во урината се откриени мали количини на протеини што укажуваат на оштетување, но и според некои податоци се покажало дека најголем дел од луѓето кои имаат инсуфициенција на бубрезите или чекаат за трансплатација се пушачи.

Алкохол

Редовното користење на алкохол во поголеми количини исто така може да предизвика оштетувања на бубрезите. Според статистичките податоци голем процент од луѓето кои имаат бубрежна инсуфициенца, имале проблеми со алкохолот.

 

www.doktori.mk, 06.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина