Доктори.мк | Дијастема медијана | dijastema-medijana | Портал за медицина и здравје

Дијастема медијана

доктор по стоматологија

Дијастема медијана е слободен простор кој се јавува почесто помеѓу горните, а поретко помеѓу долните централни секачи. Кога се зборува за дијастема се мисли на дијастема која се јавува кај трајните заби, но дијастемата често се среќава и кај млечните заби што претставува добар прогностички знак дека трајните заби правилно ќе се сместат во забниот низ.

По својот облик дијастема медијана може да биде паралелна, дивергентна и конвергентна. Обликот зависи од самото постаување на забите после нивното никнување. За време на никнувањето на трајните заби е нормална и привремена појава и кај најголем број од случаите се затвара после никнувањето на страничните секачи и кучешките заби

Кои се причини за нејзино настанување?

Како најчести причини за настанувањето на просторот помеѓу централните секачи претставуваат наследниот фактор, расната припадност, лабијалниот френулум, прекубројните заби, целосниот недостаток на едниот или двата странични секачи, фузија на забите, лоши навики, макроглосија (голем јазик), траума, циста во пределот на секачите.

Дали Дијастема медијана е аномалија?

И покрај тоа што Дијастема медијана спаѓа во пореметувања кои ги проучува ортодонцијата во делот малоклузии – растреситост на горниот забен низ, се смета дека таа не претставува голем здравствен проблем. Напротив, лицето на многу луѓе би ја изгубило шармантноста со затворањето на просторот помеѓу предните заби.

 

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 ПЗУ "Д-р Каланоска" -  Охрид

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 04.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија