Супернамирници кои мора да ги вклучите во исхраната

Некои видови храна едноставно содржи компоненти кои се навистина важни за вашиот организам и треба да се трудите што почесто да ја употребувате. За следните намирници можеби ќе се зачудите бидејќи не сте сметале дека се толку важни за организамот, а тие всушност се на врвот на самата листа. 

Црно чоколадо

Црната чоколада е малку употребувана намирница, но е многу здрава според многу експерти. Таа има идеален сооднос на антиоксиданси кои ќе го зајакнат имунитетот, а воедно состојките во црното чоколадо го намалуваат крвниот пририсок и го чуваат срцето. Затоа секој ден јадете по едно парче црна чоколада.

Свежо сирење

Ова е неверојатно здрава намирница, богата со калциум и други состојки кои ги чуваат коските и мускулите, а обезбедуваат енергија на организамот за целиот ден. Влијае на имунитетот и работата на дигестивниот систем, па доколку сте во можност треба редовно да го конзумирате.

Јаболко

За ова овошје нема воопшто потреба да размислувате зошто се наоѓа на оваа листа. Ако сакате да прочитате зошто јаболкото е корисно за вашето здравје прочитајте ја нашата статија Јаболко - повеќе од само овошје.

Боровинка

Ова е овошје кое можеби содржи најмногу антиоксиданси од сите овошја на нашиве простори. Таа мора да најде место на вашата трпеза, најдобро свежа, но и конзервирана, или како сок, сепак нејзините благодети не смеете да ги заборавите. Таа има антибактериски својства и е одлична за луѓето кои имаат проблеми со инфекции. За повеќе да прочитате за боровинката посетете ја нашата статија Боровинки - ризница на здравјето.

Малку луто

Сите истражувања покажуваат дека малку луто на вашата трпеза е многу здраво. Тоа го активира метаболизамот, ги потикнува ензимите, и влијае во согорувањето на калориите. Да не заборавиме дека му дава и посебен шмек на јадењето.

 

www.doktori.mk, 14.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана