Доктори.мк | Младиот лук - гориво за здрав и моќен метаболизам | mlad-luk-gorivo-za-zdrav-i-moken-metabolizam | Портал за медицина и здравје

Младиот лук - гориво за здрав и моќен метаболизам

За лукот сигурно имате слушано многу и несомнено е дека лукот ја залужува целата почит, бидејќи  е незаменливо здрав и добар за организамот. Но, сте се запрашале ли некогаш дали и колку е здрав младиот лук? Започнува сезоната кога младиот лук се почесто ќе се продава по пазарите, па ние денес ви нудиме краток преглед на тоа, како младиот лук влијае на организамот и зошто го нарековме гориво за здрав и моќен метаболизам.

Љубителите на скарата знаат што значи да се ужива во свежото лукче, и колку тоа всушност убаво се поклопува на богатата трпеза. Тоа е дел од разни салати, кујнски специјалитети, а се употребува и во многу рецепти за подобрување на некои функции на метаболизамот. За разлика од некои плодови во кои што можете да уживате цела година, младиот лук има определен период од годината кога се произведува тогаш е најсвеж и најздрав, а тоа е токму периодот кој ни предстои.

Младиот лук е особено богат со калиум, фосфор и калциум, но важно е што во него се содржат и некои исклучително ретки олигоелементи како што е селенот, кобалтот, флуорот и манганот.  Интересен е фактот што младиот лук содржи голема количина на витамин Ц, за разлика од стариот лук кој го употребуваме во текот на целата година, младиот лук содржи 3 пати повеќе витамин Ц. Поради ова, лукот можеме слободно да го ставиме во категоријата намирници кои треба да се употребуваат од страна на лицата кои имаат недостаток на овој витамин, тој уште од поодамна се користел како лек против скорбут.

Лукот исто така е богат и со витамини од групата Б, Е и А, цревата добро се справуваат со него и се смета како потикнувач на нивната работа. Единствено тој не се препорачува во поголема количина кај луѓето кои имаат проблем со желудникот, бидејќи тој може да има иритативно дејство. Лукот има големо диуретско дејство, содржи многу големи количини на калиум и натриум.  Најголемата придобивка од младиот лук е неговото делување на кардио-васкуларниот систем, младиот лук има огромна моќ на штитење на крвните садови од создавање на масни наслаги. Лукот е делотворен и за намалување на маснотиите во крвта, тој представува вистински чувар на здравјето на срцето.

Олигоелементите со кои располага лукот го штитат имунитетот, го спречуваат предвременото стареење на клетките, го регулираат работењето на многу ензими во организамот и делува одлично кај лицата кои имаат проблем со апсорбирањето на витаминот Б12 во организамот.

Сепак најважното ќе го споменеме на крајот, имено, младиот лук е одличен намалувач на нивото на шеќер во крвта, но освен тоа тој представува и вистински природен антибиотик, тој спречува раст размножување и патолошко делување на микроорганизмите што е ретка особина која може да се препише на некое овошје или зеленчук.

Од краткиот текст кој ви го презентиравме денес, едно со сигурност можете да заклучите, а тоа е дека ретко може да се најде растение кое толку многу придобивки може да собере на едно место, па поради ова сметаме дека е непотребно да ви напоменуваме дека сезоната на белиот лук е на прагот и дека треба да ја искористите оваа придобивка колку што е можно повеќе.

www.doktori.mk, 03.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана