Зависта како успех

специјалист уролог, Специјална болница "Св. Еразмо" - Охрид
професор по "Хирургија со нега" и "Полово образование" на Универзитетот "Св. Климент Охридски" - Битола

Дали сакате нешто што другите го имаат? Зависта што ја чувствувате не е само грев, туку и двигателна сила што ќе ве мотивира да ги остварите своите соништа, ако правилно ја насочите.



Добро знаете дека зависта како емоција е глупава и непотребна. Таа е една од седумте смртни гревови. Но, тешко е да се избегне кога списанијата не бомбардираат со слики од убавици со скоро совршено тело и со приказни за славни и совршени животи. Но, кога е веќе тука присутна, немојте веднаш да ја потиснете, туку свртете ја во своја корист.Зависта е природна емоција и, ако е негативна, се смета дека може да стане конструктивна – ако знаете правилно да ја насочите. Ако ја послушате што ви зборува, ќе ви покаже што, всушност, барате од животот. Ќе ве боцне да се поместите од местото и да тргнете во правилна насока.



Фрустрацијата што го немате тоа што другите го имаат може да биде силна и дејствувачка мотивација. Зависта е емоција што предизвиквуа нешто да се обидете, повеќе да се потрудите. Зависта на петгодишното дете што брат му вози велосипед ќе го поттикне и тој да научи да вози.Зависта дури може да ви даде крилја да ја совршите вештината или способноста што ја имате. Се покажа дека испитаниците многу подобро ги решавале тестовите на интелигенцијата кога ќе се сетеле дека некому му завидувале.Затоа престанете да се борите против зависта, вклучете ја да работи за вас и да ве одведе до посакуваната цел.

Внимавајте

Зависта е како блескава неонска реклама на која пишува: „Ало! Внимавајте!“. На пр., ако и завидувате на колешката која добила подобро работно место и зголемување на платата, што тоа ви зборува за сопствените професионални амбиции? Зависта ви укажува на вашите потреби што се темел на личноста и емоционален состав, а ви помага да идентификувате што сакате и тоа накрај да го постигнете.Кога ќе слушнете дека вашата пријателка се преселила во Австралија, а вие, наместо да се веселите на тоа, се нервирате и почнувате да префрлувате. Тоа, можеби, значи дека и самите сте подготвени за испитување на нови територии и дека, всушност, копнеете за промена. Зависта во тој случај ви покажува дека сте паднале во професионална криза или само во секојдневна рутина што ве гуши.

 

Порака

Зависта е корисно оружје, ама како да се одбраните од нејзиниот негативен набој и како да го употребите позитивно? Морате точно да го утврдите тоа што го сакате, а некој друг го има.
На пример, најдобрата пријателка ве викнала во нов стан во кој се вселила со младичот со кого планира брак. Доаѓате во посета и откривате дека парот е многу среќен и ве прави иритабилни. Што во нивниот случај ви претставува завист? Дали е тоа нивната врска, станот или нешто трето? Ако тоа чувство го потиснете, би можело да се претвори во љубомора и да ве оттргне од пријателката. Затоа анализирајте ги сите можности додека не откриете што е тоа што ве нервира. Ако не ги преиспитате своите чувства, можеби, ќе заклучите дека посакаувате убав стан како што е нивниот, а можеби е работата во тоа што и вие сакате брак. Затоа оставете ја особата на која í завидувате, погледнете се во себе и поврзете ја зависта што ве јаде со она што би сакале да го промените во својот живот.



Завидливи сме само на она што ни е навистина важно, па тоа чувство ни ги открива сопствените страсти и приоритети. Но, внимание! Немојте да го идеализирате тоа што го посакувате, дури ако тоа и го добиете не зачи дека ќе бидете среќни. Нема волшебно стапче за среќа. Со други зборови, не трчајте по сé што во вас предизвикува завист.

Нека работи за вас

Дојдовте, видовте и завидовте... и сфативте што точно барате. Сега сте спремни за акција. Тоа што го сакате му се случило на некој друг, целта станала вистинита и тоа ве поттикнува да ја насочите енергијата за нејзино остварување. Како да го постигнете тоа што го постигнала особата на која и завидувате? Испитајте го патот по кој таа стигнала до целта, предлагаат психолозите. Придружете и се како би можеле да ја набљудувате во акција. Побрзо јазикот би си го каснале отколку да се здружите со особа што и завидувате. Сепак, надминете ги негативните емоции и запрашајте ја за совет. На пријателката, која е постојано главна во друштвото, речете и: „Ти си секогаш весела и полна со самодоверба. Во што е тајната?“ Нејзината сестра или колегата од работа прашајте ги како е таа организирана. Кога ќе ги откриете нивните трикови, набрзо и самите ќе предизвикате завист кај другите.



Знаци дека пукате од завист

  • Кога нешто лошо ќе и се случи на личноста на која и завидувате – да речеме, кавга со момчето, скришум малку се веселите;
  • Забележувате дека таа особа ве иритира без никаква причина и
  • Ако ве замоли за некоја услуга (да ви побара 100 денари или да ја однесете до дома), не сакате да и помогнете.

 

дознајте повеќе за проф. д-р Миќуновиќ

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 01.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил