Најчесто поставувани прашања и одговори за дете од 13 – 36 месеци

доктор по стоматологија

Продолжуваме со рубриката "Здрава насмевка за среќно дете". Овој пат ви даваме одговор на најчесто поставуваните прашања во врска со децата кои се на возраст од 13 до 36 месеци.

Какви стоматолошки проблеми може да има детето?

Најважната причина за да се спречат стоматолошките проблеми е да се почне со темелна програма на превенција. Проблемите со забите може да се појават многу рано. Голема е веројтноста од појава на кариес уште во раното детство познат како baby bottle caries.

Од која причина може да настане кариес?

Главна причина за настанувањето на кариесот во раното детство, освен генетската предиспозиција, претставува консумирањето сокови, вештачко млеко, обично млеко и мајчино млеко или некоја друга течност која содржи јаглени хидрати кои остануваат на забите подолго време. Затоа хигиената на устата е НАЈВАЖНА  уште од самото раѓање.


 

Дали е штетно за забите доколку детето се храни со млеко или сок во шише во текот на ноќта?

Најштетно за забите на малото дете е доколку се храни од шише за време на сиењето или во текот на ноќта или доколку континуирано се дои. Во текот на ноќта кога имаме малку повисока температура во устата Јаглените хидрати кои ги содржат млекото и соковите под дејството на бактериите се разложуваат до киселини кои ги нагризуваат забите и предизвикуваат појава на кариес.

Како може да се спречи појавата на кариес?

Потребно е да го научите и поттикните детето да пие од чаша и тоа пред првиот роденден.  Децата не треба да заспиваат со шише млеко. Доењето во текот на ноќта исто така треба да го избегнувате веднаш после избивањето на првото запче. И пиењето сок од шише треба да се избегнува, а доколку детето сака сок, нека биде тоа од чаша.

Кога треба да престанеме со хранење од шише?

Децата треба да се одвојат од шишето во периодот од 12 – 14 месечна возраст.

 

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 ПЗУ "Д-р Каланоска" -  Охрид

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 31.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - стоматологија