Рак на матката

доктор на медицина

Ракoт на матката може да се подели во две основни форми, рак на грлото на матката и рак на ендометриумот. Ракот на грлото на матката најчесто го зафаќа вратот на грлото на матката или отворот на матката. Ендометријален канцер ја зафаќа внатрешната слузница на матката.

Опис

Ракот на грлото на матката е многу поприсутен од ракот на ендометриумот, некои го проценуваат соодносот на инциденцата дека е 3:1. Статистиката наведува дека ракот на грлото на матката е втора водечка причина за смрт од рак кај жените на возраст од 20-39 години, а петта водечка причина за смрт од рак кај жените на возраст од 40-59 години.

Во Македонија инциденцата односно бројот на новозаболени жени од рак на грлото на матката изнесува 297 случаи на 100 000 население, додека за рак на ендометриумот, т.е. рак на телото на матката тој број изнесува 192 случаи на 100 000 население. Бројот на смртните случаи изнесува 147 жени на 100 000 население за рак на грлото на матката или 37 смртни случаи на 100 000 за рак на ендометриумот.

За разлика од многу други видови на рак, почетниот рак на грлото на матката може да се идентификува 10 или повеќе години пред инвазија на ракот во другите ткива. Овие видливи промени во структурата и активноста на клетките на грлото на матката се гледаат под микроскоп со Папаниколау (ПАП) тест и се познати како лесна дисплазија. Во текот на еден период од пет до 10 години, овие абнормални клетки може да исчезнат без третман или може да ги нападнат подлабоките ткива и напреднат во вистински рак. Канцерските клетки може да се шират на ендометриумот, лимфните жлезди и нервите во карличниот регион.

Како што населението старее, ракот на ендометриум станува се почест. Статистичките податоци укажуваат дека околу 50% од жените со постменопаузално крварење се дијагностицираат со ендометријален карцином. Овој ран симптом на неправилно вагинално крварење често овозможува отстранувањето на матката да резултира со излекување на болеста, бидејќи ракот на ендометриум напредува и се шири полека.

Иако сите жени се изложени на ризик за развој на рак на матката, специфични фактори на ризик за рак на матката вклучуваат сексуална активност на рана возраст, сексуални односи со повеќе партнери. Неплодност, шеќерна болест, прекумерна телесна тежина и естрогенска терапија се фактори за висок ризик за ракот на ендометриумот. Други фактори на ризик за рак на матката се: ендометријална хиперплазија, сексуална неактивност, менопауза по возраст од 59 години и никогаш немање деца.



Причини и симптоми

Важен фактор поврзан со рак на матката е инфекцијата со една од најчестите сексуално преносливи болести - хуманиот папилома вирус (ХПВ). Некои видови на ХПВ можат да предизвикаат генитални брадавици, додека други немаат видливи симптоми. Поединци инфицирани со херпес симплекс вирусот, вирусот на хумана имунодефициенција (ХИВ) или синдром на стекнат имунолошки дефицит (СИДА) се изложени на зголемен ризик за развој на рак на грлото на матката, а поврзаната супресија на имунолошкиот систем им овозможува на ХПВ полесно да ги нападнат.



Други хронични инфекции и ерозии на грлото на матката, исто така, може да го зголемат ризикот од рак на матката.Додека некои жени кои имаат преканцерозни промени на грлото не чувствуваат никакви симптоми, други приметуваат поболни или подолги менструални циклуси или вагинално крварење после испирање, односи или меѓу циклуси.Симптоми на веќе напреднати фази на рак на матката може да се непријатен по мирис вагинален исцедок, ректален притисок или запек, губење на апетитот, замор и болки во нозете или грбот.

Дијагноза

Годишен ПАП тест и карличен преглед штом млада жена станува сексуално активна или на возраст меѓу 17-20 години, се најважните дијагностички чекори за рано откривање на рак на матката. ПАП тестот може да ја открие дисплазијата на грлото на матката и докторот тогаш може да изврши колпоскопија и биопсија на грлото на матката за да даде подобар наод за абнормалностите. Ако само една мала област на грлото на матката е засегната, препорака е да се прават што почести ПАП тестови (на секои 3-6 месеци) за мониторинг на промените во клетките на грлото на матката. Дополнителни дијагностички тестови за рак на матката може да вклучуваат лапароскопија, лапаротомија или вагиносонографија.



Агенцијата за храна и лекови (FDA) предлага додавање на скрининг тест за ХПВ во прилог на пап тестови, бидејќи ХПВ е толку висок фактор на ризик за рак на матката. Скрининг тестот може да помогне да се одвојат одделни жени со висок ризик за што почести скрининзи од жените без висок ризик.

Третман

Истражувањата покажаа дека дури 67% од жените со дисплазија на грлото на матката се дефицитарни во различни хранливи состојки, вклучувајќи фолна киселина, бета-каротен, селен и витамини Б6 и Ц. Додека овие студии не потврдуваат дека земањето мултивитамини или минерални додатоци може да ја намалат напреднатата дисплазија на грлото, користењето на овие додатоци превентивно може да има корист.Жените со рак на матката, исто така, ќе имаат корист од додатоци во исхраната и исхрана во насока на зајакнување на имунолошкиот систем. Суплементи од Ехинацеа и лук не само што имаат позитивни ефекти врз имунитетот, туку, исто така, се спротиставуваат на несаканите ефекти од лекувањето на ракот. Многу елементи во трагови, флавоноиди и други фитохемикалии се обезбедуваат со добро балансирана исхрана, што некогаш не може да се обезбеди со пилули.За употребата на било какви додатоци или промена на исхраната треба да се разговара со доктор кој го лекува ракот, со цел да се избегнат какви било несакани интеракции со лековите или несакани ефекти.

Раните фази на дисплазија на грлото на матката може да бараат само чести повторни оцени за следење на прогресијата или регресијата на абнормалните клетки. Регресијата на абнормалните клетки може да се случи како резултат на имунолошкиот одговор или промени во животниот стил, како што се прекинот на пушењето или оралната контрацепција. Во понапреднатите случаи, слузницата на грлото на матката може да се отстрано со каутер, замрзнување или ласерски процедури.Возраста, целокупната здравствена состојба и присуството на други абнормални наоди ќе влијаат на изборот на најсоодветниот третман за ракот на матката.Операцијата може да биде опција како третман за инвазивен карцином. Степенот на хируршки процедури ќе зависи од фазата на ракот. Хистеректомија, лимфаденектомија или тотална карлична егзентерација (евисцерација – отстранување на сите карлични органи) може да се препорача. Радиотерапија може да се понуди наместо или како додаток на хируршко отстранување на погодените ткива. Во зависност од фазата на болеста на поединецот и одговорот и толеранцијаѕа на зрачењето, третманот може да се обезбедени од надворешни зраци насочени врз карлицата или со вметнување на радиум цевки во матката и / или вагината. Хемотерапијата исто така може да се препорача, вклучувајќи инфузија на цитостатици директно во циркулаторниот систем.

Очекувани резултати

Резултатите за индивидуа со рак на матката се значително поврзани со стадиумот на болеста кога ракот е пронајден и терапијата. Рани интервенции може да резултираат со речиси 100% стапка на излекување, а оние индивидуи чијшто рак не е откриена се додека абнормалниот ткивен раст не ги зафатил околните органи, можат да имаат помалку позитивни резултати. Оние со напредната болест, може да доживеат болка, вагинално крварење и / или исцедок со непријатен мирис или цревна опструкција.

Превенција

Најдобра превентивна мерка против ракот на матката е годишен карличен преглед и ПАП тест. Всушност, извештај од Колеџот на американските патолози изјави дека 80 проценти од жените кои умираат од рак на матката немале ПАП тест во последните пет години пред нивната дијагноза. Признавање на факторите на ризик за рак на матката, заедно со свеста за раните знаци и симптоми на дисплазија на грлото, може да промовира рано откривање на промените на клетките на грлото на матката.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 29.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина