Природни начини за борба против акните

За акните нема што многу да зборуваме, сите знаете што претставуваат и колку лошо можат да влијаат пред се на нашата самодоверба. Некои од вас земаат разни лосиони, некои пак едноставно чекаат сами да се повлечат, како и да е, денес ние ви нудиме неколку начини како на природен начин да се ослободите од акните.

Природни рецепти за надворешна употреба

Морска сол

Ставете 200 мл вода да зоврие, веднаш потоа додадете две супени лажици морска сол. Со овој раствор и со помош на вата, чистете го лицето два пати дневно. Ова ќе помогне акните да исчезнат, а лицето да биде помалку склоно кон создавање на нови акни.

Јаболков оцет

Стар, проверен и делотворен рецепт. Рецептот е сличен на предходниот. Во 500 мл. зовриена  вода додадете една голема супена лажица јаболков оцет. Јаболковиот оцет додадете го кога водата ќе се олади не за време на вриењето. Мачкајте го лицето секогаш пред спиење, јаболковиот оцет има одличен антисептички ефект. Ако е потребно овој раствор можете да го нанесувате и на други делови од телото.

Мед и цимет

Според древните народи ова е одличен начин на лекување на акни. И секако, многу едноставен. Измешајте мед и цимет заедно, смесата користете ја за третирање на акните каде и да ги имате на телото, секогаш пред спиење, еднаш дневно.

Алое вера

Ова рестение досега се покажало како многу здраво за лекување на различни состојби во организамот. Така и кај акните, неколку пати во денот мачкајте го лицето со сок од листот на ова растение, резултатот во најголем број случаеви е одличен.

Помош од внатре ...

Чај од коприва

Заедно со некој од рецептите за надворешна употреба, користете и чај од коприва. Копривата го чисти организамот, така што го редуцира ризикот за појава на акни. Околу 1 литар чај од коприва дневно е идеална количина за организамот.

Зелен чај

Исто како и чајот од коприва и зелениот чај го чисти организамот, но воедно и го снабдува со многу антиоскиданси. Зелениот чај или чајот од коприва секогаш користете го паралелно со некој од рецептите за надворешна употреба.

Вода

Водата е неопходна за целиот организам. Така можеме да кажеме дека водата ја рехидрира кожата и ги намалува акните, затоа пијте повеќе вода во текот на целиот ден.

 

www.doktori.mk, 28.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - медицина