Доручекот е важен за мозокот и интелигенцијата кај децата

Последното истражување направено во Универзитетот во Пенсилванија САД, покажува дека децата кои имаат редовен доручек имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои не внимаваат многу на доручекот.

За важноста на доручекот многу често се зборувало, уште од мали нозе вашите баби и дедовци ви кажувале дека треба да доручкувате како крал, а да вечерате како просјак. Оваа поговорка и ден денес важи, доручекот му дава енергија и го активира организмот, така да можете да функционирате одлично во текот на целиот ден. Додека пак, вечерата треба да биде лесна и мала, за да не му пречи на желудникот и да ви овозможи убав сон.

Сепак, овој пат сакаме да укажеме на важноста на доручекот од друга страна, односно важноста на доручекот кај децата. Според истражувањето што било направено во Универзитетот во Пенсилванија децата кои редовно го практикуваат доручекот имаат поголем коефициент на интелигенција од оние кои често го прескокнуваат.Научниците направиле испитување на 1 000 деца на шест годишна возраст во Кина, тие внимателно набљудувале две контролни групи, едната редовно го практикувала доручекот додека другата често го прескокнувала, тие ги набљудувале сите физички и психички промени на двете групи на деца. 

Според научниците кои го воделе истражувањето, доручекот е особено важен во детската возраст кога детето расте се развива и се оформува. Но, освен тоа редовното практикување на доручекот на децата создава една важна здрава навика кај нив, тие доколку од деца се навикнат редовно да доручкуваат целиот живот ќе ја практикуваат таа навика и ќе превенираат многу болести во текот на животот - велат научниците.

Доручекот е гориво за мозокот,  не само за децата и за повозрасните. Доручекот може да превенира појава на многу болести и кај децата и кај возрасните, затоа никогаш немојте да го пропуштате доручекот, бидејќи една стара поговорка вели кој го пропушта доручекот го пропушта и здравјето.

 

www.doktori.mk, 27.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана