Пролетно чистење на организмот - втор дел

доктор по стоматологија

Новото и најочекувано годишно време кај секого раѓа природна потреба за целосна промена. Од животните навики, начинот на облекување, грижата за изгледот и негата на телото и кожата, па се до опкружувањето, пролетта е време на обнова и будење на животната енергија. 

 

Пролетта е  најважниот период за детоксикација на телото. Детоксикацијата стана многу значајна во денешно време кога се околу нас е полно со токсини, а со чистењето на организмот се спречува токму насобирањето на токсични материи во телото.

Иако телото си има свој сопствен систем за детоксикација, количеството на токсини на кои сме изложени преку храната и пијалоците што ги внесуваме, производите кои ги користиме за нега на кожата и воздухот што го дишeме го преоптоваруваат тој систем. Со добра детоксикација се намалува изложеноста на токсини и во организмот се внесуваат хранливи материи кои му помагаат на телото само да ја забрза елиминацијата на токсините. 

Се што ни се случува во организмот, и здравјето и болеста доаѓа преку храната.

Внесувајќи здрава и квалитетна храна телесните клетки полесно ги исфрлаат штетните материи на чие место влегуваат квалитетните кои помагаат во создавање поздрави телесни клетки.
Планот за детоксикација на организмот може да се започне со елиминирање на токсичните продукти од Вашето секојдневно мени.

Прочистување на телото во три дена

Во продолжение ќе Ви претставиме неколку начини кои ќе Ви бидат од голема корист при одлуката да го прочистите Вашиот организам. Не заборавајте дека здравите навики на исхрана и редовното вежбање не се значајни само во процесот на детоксикација, туку се од пресудно значење за секој оној што сака за води здрав живот.

 

  1. За да се поттикне протокот на дигестивните ензими кои се движат низ Вашето тело потребно е првото утро да испиете 8 чаши топла вода.
  2. Со секој оброк во текот на денот внесете најмалку 3 порции овошје или зеленчук и интегрални житарки како кафеав ориз или интегрални снегулки.
  3. Во салатата ставете рибино масло или оцет. Ваквото масло дополнително ќе го забрза целиот процес на прочистување.
  4. Најмалку два дена од диетата употребувајте: свеж лук, црно грозје, чај од магдонос, сок од цвекло, сок од морков, сок од зеленчук, чај од невен, чај од камилица.
  5. За да бидете сигурни дека организмот прима доволно течност, пијте по 1-2 чаши вода на секои 2 часа.
  6. Времето е совршено за долга прошетка, возење велосипед или трчање. Секој тип анаеробни вежби Ви го опушта и обновува телото и на физичко и на ментално ниво
  7. Пред спиење испијте чаша чај од камилица кој ќе Ве доведе во состојба на релаксација која е неопходна за телото и умот во процесот на детоксикација

 

д-р Кристина И. Стојаноска Алоска

 ПЗУ "Д-р Каланоска" -  Охрид

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-

www.doktori.mk, 27.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - животен стил