Магдонос - повеќе од само обичен зачин

Магдоносот е еден од убедливо најкористените зачини во светот. Тој има одличен вкус, но има и прекрасна зелена боја која плени, па поради тоа се користи и како декоратор на разни јадења, особено салати. Тој во маркетите може да се најде во текот на целата година, но сепак најдобар е кога ќе биде одгледан во вашата градина.

Магдоносот некои од нас рутински го уфрлуваат при приготвувањето на јадење, други го исфрлаат сметајќи го како непотребен, трети пак со задоволство би го користеле, но забораваат да го набават бидејќи не го ставаат на листата на важни намирници. Сите знаат за магданосот како зачин, но ретко кој размислува дека тоа е растение кое има своја нутритивна слика, и свое лековито дејство.

Најнапред мора да кажеме за декоративната моќ на магдоносот, тој има интересни убаво оформени гранчиња, со упадлива зелена боја, па така секоја салата која е декорирана со магданос има неодолив изглед.

Магдоносот содржи многу етерични масла, флавоноиди и витамини како што се витамин Ц и витамин А. Според некои истражувања магдоносот го зголемува антиоксидантиниот капацитет на крвта, што ја прави по моќна во борба со слободните радикали, а воедно и го намалува ризикот од појава на рак. Некои етерични масла кои ги содржи магдоносот имаат исто така антиоксидантен ефект. Витамините А и Ц, доминираат во магдоносот и за нив како што знаеме имаат многу позитивен ефект врз организамот, за кој досега многукратно сме пишувале.

Магдоносот луѓето уште го нарекуваат и заштитник на срцето и крвните садови. Тој содржи многу фолна киселина која е важен фактор за заштита на срцето и крвните садови, но и важен фактор кој помага процесите во организамот да се одвиваат правилно. Магдоносот се препорачува особено за луѓето кои имаат преживеан срцев или мозочен удар, како и за оние кои патат од артеросклероза или други болести на кардио-васкуларниот систем.Според некои истражувања магдоносот е и одлична намирница која пружа заштита од ревматоиден артритис, со оглед на состојките кои ги содржи како и високото ниво на витамин Ц.

Неколку совети плус ...

  • Свежиот магдонос е многу подобар од сувиот, ако морате да купите сув, тогаш изберете органски

  • Бирајте магдонос со упадливо зелена боја, немојте да купувате магданос со жолтеникава боја бидејќи тоа е знак на оштетеност и старост.

  • Никогаш немојте да го фрлате вишокот магдонос од вашата градина, исецкајте го и исушете го така ќе можете неограничено да го употребувате

  • Магдоносот може да се користи во скоро секое јадење, не предизвикува скоро никаков  несакан ефект

Денес научивме дека магдоносот не е само обичен зачин како што вие досега можеби сте мислеле. Тој е еднакво корисен како и останатите производи од вашата градина, па ред е да го употребувате редовно во вашите супи, чорби или било кои други главни јадења. Тој е моќен чувар на вашето здравје, а воедно и најлесен за набавка, затоа користете го редовно, ако сте во можност и во поголеми количини, тоа никако нема да ви наштети.

www.doktori.mk, 01.04.2013

Последна вест

Најчитани статии - исхрана