Вино за срце - рецепт за подобрување на работата на срцето

Рецептот кој денес ќе ви го презентираме како продолжение на рубриката "најздравите рецепти на едно место" се смета дека е стар околу 1000 години. Старите екими го препорачувале на луѓето кои имале слабо срце и биле уверени во неговото делување. Интересно е што овој рецепт и денеска може да се најде во книгите на алтернативната медицина, а докторите велат дека тој навистина е делотворен. Па да не должиме многу, прочитајте, подгответе и пробајте, едноставно и лесно:

Пред да започнеме ќе напоменеме дека бојата на виното не е важна можете да користите и црвено и бело вино, ние сепак го препорачуваме црвеното!

Најпрво земаме еден литар вино и го ставаме во сад. Потоа земаме десетина гранчиња свеж магадонос добро исчистен и заедно со листовите го додаваме во виното. Веднаш потоа во смесата додаваме 2 лажици вински оцет. Го ставате садот на тивок оган. Полека мешаме во текот на 10 минути. Смесата нормално ќе почне да се запенува, некогаш и повеќе, тоа е нормално. 

По 10 минути затоплување додаваме 300 грама чист мед, и го оставаме на оган уште 5 минути тивко да врие. Смесата ја тргаме од оган и додека уште е топла ја цедиме и ја затвараме во шише. Шишето предходно да биде добро измиено и проплакнето со ракија. Затвораме добро. Пијте по 2-3 лажички во денот, можете и повеќе, на одреден временски интервал.

Нешто плус за рецептот ...

  • Можете да изберете и бело вино доколку немате црвено, но најважно е виното да биде домашно
  • На дното на шишето останува талог, тој не е штетен може да се пие заедно со смесата
  • Неколку лажици дневно ни одалекува не представува доза на алкохол која може да ви наштети
  • Важно е да користите природен и чист мед

Познавачите велат дека овој рецепт не само како превенција, туку е потребно да го користат сите кои имаат срцеви проблеми, и тоа не само оние кои имаат мали. туку и оние кои имаат поголеми срцеви проблеми. Овој рецепт е делотворен и ги елиминира нелагодностите, му овозможува на срцето да функционира правилно. Рецептот е делотворен и кај луѓето кои патат од ангинозни срцеви болки. Ние ви го презентиравме рецептот во целост, па ваше е дали ќе го примените или не. Како и да е ништо не можете да изгубите, напротив можете само да добиете.

www.doktori.mk, 25.02.2014

Последна вест

Најчитани статии - исхрана