Стевиа - природен диетален засладувач

доктор на медицина

Стевиа е природен сладок екстракт од растението Stevia Rebaudiana, билка која се користи како здрава замена за белиот шеќер или другите вештачки и засладувачи. Стевиата расте во вид на ниска повеќегодишна грмушка која потекнува од Парагвај, Бразил и други Јужноамерикански земји, но денес комерцијално се одгледува во повеќе од 50 земји ширум светот.


Нејзините листови содржат околу 10% гликозиди, кои што се слатки компоненти со силен интензитет (150-300 пати се послатки од шеќерот).Листовите од Стевиа стотици години традиционално се употребувале од локалните жители на Парагвај и Бразил за засладување на чаевите, како лековито средство или во вид на сладок оброк кој бил 25-30 пати посладок од шеќерот кој се добива од шеќерна трска.Покрај интензивно слатките гликозиди (стевиозид, ребаудиозид и дулкозид), бројни студии покажуваат дека листот на оваа билка исто така содржи протеини, растителни влакна, јагленохидрати, железо, фосфор, калциум, калај, натриум, магнезиум, цинк, витамин А, витамин Ц и растително масло кое содржи 53 фито-нутриционистички состојки со висока хранлива вредност.




Во последниве 20 години екстрактот од Стевиа се консумира од страна на милиони луѓе во Јапонија, Кореа, Кина, Индија, Австралија, Канада, Русија, Малезија, Тајланд, Германија, САД и многу други земји. Во Јапонија Стевиата ги заменува хемиските и вештачките засладувачи кои се забранети од владата уште во 1970 год.

 

Позитивни ефекти:

Оваа чудесна билка, покрај своите засладувачки и хранливи својства, повеќе од 1500 год. се користи и во медицински цели. Таа успешно е користена како алтернативен лек во третманот на дијабетес, висок крвен притисок, проблеми со дигестија, гингивитис и кариес, против акни и проблеми со кожата, како антиоксидант, кардиотоник и како помошно средство за губење на тежината.



Стевиа е нискокалорична билка која претставува идеална и природна слатка алтернатива за сите оние кои внимаваат на внесот на калории во својата исхрана или оние што сакаат да ја намалат телесната тежина. Некои од водечките светски фирми за храна и пијалоци (како Coca Cola, Orbit и Wrigley's) одамна ја користат Стевиата за засладување на нивните диетални производи.

 

Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски

авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели иќили реемитување

www.doktori.mk, 23.03.2013

Последна вест

Најчитани статии - фармација